Педагошка доквалификација
Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно добиеното Решение за акредитација, како и Решението за утврдување на висината на трошоците, донесени од Министерот за образование и наука, распишува
К О Н К У Р С
За запишување на кандидати на студиската програма за
стекнување на педагошко-психолошка и методска подоготовка
– ПЕДАГОШКА ДОКВАЛИФИКАЦИЈА –
во летниот семестар на учебната 2017/2018 година
- На Конкурсот можат да се запишат кандидати кои завршиле соодветни академски студии од прв циклус или додипломски студии на ненаставнички факултети, односно студии (студиски програми) кои немаат наставна насока.
- Со запишувањето кандидатот се стекнува со статус на кандидат за добивање на педагошко-психолошка и методска подготовка – педагошка доквалификација, која претставува задолжителна форма на сите стручни профили кои завршиле ненаставнички факултет, а се подготвуваат за воспитно-образовна работа во основните и средните училишта.
- Запишаните кандидати студираат еден семестар, на македонски, албански или турски наставен јазик, согласно Правилникот за начинот и условите за студирање на студиската програма за стекнување на педагошко – психолошка и методска подготовка – педагошка доквалификација, објавен на ВЕБ страната и огласнaта табла на Факултетот.
- Висината на надоместокот изнесува 250 евра.
- Пријавувањето ќе се врши во периодот од 1 до 15 февруари 2018 година во просторија број 103, на првиот кат на Факултетот, од 9 до 14 ч.
При пријавувањето, кандидатите доставуваат:
-Пријавен лист, со таксена марка од 50,оо ден
-Уверение за соодветно завршен факултет *
-Извод од Матичната книга на родените *
-Уверение или Решение за Државјанство на РМ * и
-Уплатница на уплатени 250 евра, во денарска противвредност, според средниот курс на НБ на РМ, на жиро сметка на Факултетот.
* Документи се поднесуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар.
Педагошки факултет
„Св. Климент Охридски“
– Скопје
Декан,
Проф. д-р Емиљ Сулејмани
ИНФОРМАЦИЈА
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКА И МЕТОДСКА ПОДГОТОВКА – ПЕДАГОШКА ДОКВАЛИФИКАЦИЈА – ЗА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2017-2018 ГОДИНА, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 1 ДО 15 ФЕВРУАРИ 2018 ГОДИНА.
ПРИ ПРИЈАВУВАЊЕТО КАНДИДАТИТЕ ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ:
-ПРИЈАВЕН ЛИСТ, СО ТАКСЕНА МАРКА ОД 50,ОО ДЕН *
-УВЕРЕНИЕ ЗА СООДВЕТНО ЗАВРШЕН ФАКУЛТЕТ *
-ИЗВОД ОД МАТИЧНАТА КНИГА НА РОДЕНИТЕ *
-УВЕРЕНИЕ ИЛИ РЕШЕНИЕ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО НА РМ * И
-УПЛАТНИЦА НА УПЛАТЕНИ 250 ЕВРА, ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ, СПОРЕД СРЕДНИОТ КУРС НА НБ НА РМ, НА ЖИРО СМЕТКА НА ФАКУЛТЕТОТ.
* ДОКУМЕНТИ СЕ ПОДНЕСУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ ФОТОКОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.
Скопје, 25.01.2018 Продекан за настава
Проф. д-р Весна Макашевска