Органи на факултетот
Наставно-научниот совет на Факултетот е стручен орган што го сочинуваат редовните професори, вонредните професори, доцентите и студентите.
Деканатската управа е орган на управување на Факултетот и брои 8 члена:
деканот,
продеканите,
раководителите на институтите и
секретарот на факултетот.
Деканот врз основа на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје раководи со Факултетот во согласност со правата, обврските и овластувањата пренесени од страна на ректорот.