Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

Информации

септември 2023
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
Огласна табла

ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на Тутори за реализација на туторска поддршка за ученици

ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на Тутори за реализација на туторска поддршка за ученици Роми кои учат во основно образование во Р.Македонија за учебната 2016/17 година Здружението за поддршка на маргинализирани групи Ромски Ресурсен Центар – Скопје и Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово го објавуваат Јавниот Оглас за ангажирање на тутори за реализација на туторска поддршка за ученици Роми кои учат во основно образование во Р.Македонија, за учебната 2016/17 учебна година. Здружението за поддршка на маргинализирани групи Ромски Ресурсен Центар – Скопје и Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце – Тетово во конзорциум составен од седум Ромски невладини организации во Р.Македонија го имплементираат проектот „Туторска поддршка на ученици Роми во основното образование во Р.Македонија“.   Проектот финансиски целосно е  поддржан од Ромскиот Образовен Фонд –Будимпешта. Министертвото за Образование и Наука на Р.Македонија исто така го поддржува проектот со вклучување на 20 локални медијатори во 16 општини во Р. Македонија.

Главна цел на проектот е да се придонесе кон зголемување на проодноста и образовните резултати кај учениците Роми кои учат во четврто, петто и шестто одделение во основното образование во Р.Македонија.

Во рамките на проектот ќе се обезбеди дополнителна образовна/туторска поддршка на 1745 ученици Роми во учебната 2016/2017 година кои покажуваат слаби образовни резултати а се вклучени во четврто, петто и шесто одделение на ниво на Р.Македонија. Дополнителна образовна/туторска поддршка ќе се обезбеди по предметите Мајчин Јазик (Македонски и Албански јазик) и Математика.

За потребите за реализација на туторската настава, Ромскиот Ресурсен Центар го објавува Јавниот Оглас за избор на вкупно 120 тутори во следните 18 општини/локации низ Р.Македонија: Шуто Оризари – Скопје, Чаир – Скопје, Ѓорче Петров – Скопје, Карпош – Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Пехчево, с.Црник и Берово. Туторската настава ќе биде организирана и ќе се реализира во 49 основни училишта во 18 општини/локации  во Република Македонија.

По завршувањето на проектот на  секој тутор ќе му биде издадена потврда/сертификат за учество во реализацијата на туторската програма за ученици Роми.

Ангажманот на туторите финансиски ќе биде покриен од страна на донаторот на проектот Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта.

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТИ ЗА ТУТОРИ

Право да се пријават за тутори имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Да се студенти во втора, трета, четврта година на студирање, апсолвенти или дипломирани на акредитирани факултети во Република Македонија;
  2. Да се државјани на Република Македонија;
  3. Предност ќе имаат кандидатите со повисок среден успех од вкупниот број на положени испити;
  4. Дополнително предност ќе имаат кандидатите кои биле ангажирани како тутори во рамките на проектот „Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основното образование во Република Македонија“ за учебната 2016/17 година од страна на: Здружение за поддршка на маргинализирани групи „Ромски Ресурсен Центар“  – Скопје и Асоцијација за Демократски Развој на Ромите „Сонце“ – Тетово. 
  1. КАНДИТАТИТЕ ЗА ТУТОРИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:
  2. Да се мотивирани за работа со деца од маргинализирани групи;
  3. Да имаат развиени вештини за работа со деца;
  4. Да поседуваат вештини за тимска работа;
  5. Да имаат развиени организациски способности;
  6. Да имаат високо ниво на одговорност.
  • ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
  1. Пријава за тутори (пријавата е прикачена заедно со јавниот повик);
  2. Професионална биографија (CV);
  3. Уверение за положени испити или принтана верзија од електронски индекс со оцени;
  4. Друга документација која кандидатот смета дека ќе му биде во прилог на апликацијата.
  1. НАЧИН И РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ: 

Заинтересираните кандидати комплетната документација можат да ја достават препорачано по пошта на следната адреса:Ромски Ресурсен ЦентарУл. Виетнамска бр.7 – Шуто Оризари1000, Скопјеили електронски на следната е-маил адреса: tutorstvomakedonija@gmail.com Крајниот рок за доставување на пријави за тутори е 15.09.2016 (четврток)

Ненавремената и некомплетната документација нема да се разгледува и истата нема да влезе во конкуренција со останатите пријави.

За сите дополнителни прашања и информации можете да не контактирате на следниот број: 075/579-430 секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот. Лице за контакт Пашија Фејзула асистент на проектот.

За превземање на Пријавата клукнете ТУКА

УПИСИ 2022/2023
Септември Сесија23
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________