КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР ЕСЕЈ
КОНКУРС
Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје повеќе години наназад презема активности со кои го чествува свечениот ден на светителот Климент Охридски како наш Патронен празник. Во рамките на овие активности се објавува и Конкурс за најдобар есеј.
Темата на Конкурсот за 2016 година гласи:
* Јас како човек и јас како учител – мојот предизвик во 21 век
* Unë si njeri dhe unë si mësues – synimi im për shekullin XXI
* Ben Bir Öğretmen ve Ben Bir Insan Olarak – 21. yy’a Meydan Okuyorum
Право на учество на Конкурсот имаат сите студенти од сите четири години, на трите наставни јазици на кои се студира на нашиот Факултет (македонски, албански и турски јазик).
Компјутерски напишаните есеи, во плик и под шифра, треба да се достават до техничкиот секретар Роза Толовска. Докажувањето на авторството се врши со доставување втор примерок од есејот кој, освен шифрата, треба да ги содржи и податоците за авторот: име, презиме, број на индекс и студиска група. Вториот примерок од есејот, исто така, се доставува до техничкиот секретар Роза Толовска.
Конкурсот трае од 9.11. – 30.11. 2016 година.
Скопје
8.11.2016 г.
Комисија за одбележување на
Патрониот празник – 8 Декември