Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

August 2021
M T W T F S S
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  
Огласна табла

Асистенти

  М-р Анита Штерјоска-Митреска

asterjos@yahoo.com

М-р Анита Штерјоска-Митреска е родена 1974 г. во Скопје. Асистент е на група предмети од областа на Методиката на наставата по мајчин јазик (Методика на наставата по Почетно читање и пишување; Методика на наставата по Македонски јазик 1 и 2; Работилница по слободни активности по Македонски јазик); како и на предметите: Медиумска култура; Мултикултурно образование и Педагошка практика. Магистрирала на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје (2011), а во моментов е пред одбрана на докторската теза со наслов: Функционалната писменост како концепција и стратегија на основното образование во РМ на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје. Се јавува како автор и коавтор на три книги и на повеќе научноистражувачки трудови од  дидактичко-методското подрачје, меѓу кои се истакнуваат: Информациско-комуникациската технологија во првите два циклуса на основното образование во Република МакедонијаWebquest – A tool for Acquiring Functional Language Literacy in Elementary Education in Republic of MacedoniaГовориме и пишуваме – прирачник по јазична писменост од I до V одделение за студенти, наставници и обучувачи и др. Освен редовното учество на меѓународни научни собири, била ангажирана и на неколку меѓународни научноистражувачки проекти.

  М-р Мујесер Илјази

М-р Мујесер Илјази е родена 1973 г. во Гостивар. Дипломирала на Музичкиот факултет при Универзитетот на уметностите во Тирана, Р Албанија, во 2000 г. Натамошната професионална надградба ја реализира на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде што се запишала на постдипломски студии на Одделот за сонологија и мултимедија. Магистерските студии ги завршила во 2011 г. Во академската 2014/2015 г. се запишува на докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на ЈНУ Институт за национална историја, на студиската група Културна историја на Македонија. Работниот ангажман го започнува во 2000 г. како наставник по музичко образование во ОУ „Исмаил Кемали“ во Гостивар. Во учебната 2009/2010 г. е ангажирана како демонстратор по музичка теорија на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје по предметот Основи на музичкото воспитување со методика. Во 2012 г. е избрана за асистент по истиот предмет за студиските групи Одделенска настава и Предучилишно воспитание на албански наставен јазик. Има објавено голем број трудови во различни научни списанија, а учествувала и на голем број домашни и меѓународни конференции во Хрватска, Србија, Бугарија, Турција, Албанија итн.

  Д-р Јасмина Јовановска

 jasmina.armenska@gmail.com

Д-р Јасмина Јовановска е родена 1980 г. во Скопје. Дипломира на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Институтот за математика. Магистерските студии ги завршува во 2011 г. на ПМФ, на Институтот за информатика и се стекнува со научниот степен магистер на информатички науки. Докторските студии ги запишува на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. По завршувањето на дипломските студии е ангажирана како надворешен соработник за група предмети кои ги покрива Одделот за математика и информатика на Машинскиот факултет во Скопје. Во периодот 2005-2012 г. работи како помлад асистент на Факултетот за информатика при Европскиот универзитет во РМ. Во 2012 г. е ангажирана како надворешен соработник на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје почнува да работи од 2012 г. како асистент на предмети од областа на информатичките науки. Покрај активната дејност во наставата, зема учество на низа меѓународни конференции во Македонија и во странство. Главно подрачје на научен интерес ѝ се прибирањето информации, обработката на природните јазици, како и системите за одговарање прашања. Има објавено повеќе научни труда во зборници од домашни и меѓународни конференции. Била и е учесник на неколку проекти.

  Д-р Весна Хорватовиќ

Асистент д-р Весна Хорватовиќ е родена 1970 г. во Скопје каде што завршува основно и средно образование. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Во 2010 г. ги завршува магистерските студии, а во 2016 г. докторира на Институтот за педагогија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и се стекнува со научниот степен доктор по педагошки науки. Од 2017 г. работи како асистент на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје за предмети од областа на педагогијата и литературата за деца. Својот професионален пат го започнува како новинар во македонско радио, па продолжува како наставник по македонски јазик и литература во основни и средни училишта. До 2017 г. е директор на Бирото за развој на образованието на Република Македонија. Во областа на образованието учествува во креирање концепции, од кои ги истакнуваме: Концепцијата за деветгодишно основно воспитание и образование и Концепцијата за изработка на учебник и методологија за вреднување на учебник и во различни истражувања, како што се: Истражување за развивање систем за работа со надарени и талентирани ученици во основните училишта во Република МакедонијаИстражување за примената на активна настава во основните и средните училишта во Република Македонија. Објавила стручни и научни публикации од областа на педагогијата. Има учествувано на голем број домашни и меѓународни конференции.

УПИСИ 2020/2021
Септември Сесија20
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________