Доценти
![]() |
Доц. д-р Бурхан Ахмети
artgraphik@yahoo.com Доц. д-р Бурхан Ахмети е роден 1978 г. во с. Дебреше, Гостиварско. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности при Државниот тетовски универзитет, на одделот по Графика. Во 2005 г. магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, оддел Графика, во класата на проф. Фатмир Крипа и оддел Сликарство кај проф. Реџеп Фери. Во периодот 2003/2004 г. е ангажиран како асистент на oдделот по Графика на Факултетот за ликовни уметности при ДУТ. Во периодот 2006/2010 г. е ангажиран како помлад асистент и асистент во областа на ликовната уметност на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. На истиот факултет во 2013 година добива звање доцент за предметите од ликовната уметност. Има учествувано на повеќе меѓународни конференции во Македонија и во странство, на стотина меѓународни ликовни симпозиуми и изложби бил учесник и/или куратор. Има одржано десет самостојни изложби во: Софија, Цирих, Скопје, Приштина, Берлин, Парис, Дижон, Њујорк. Учесник е во над 180 меѓународни и домашни групни изложби, биенале, годишни изложби, триенале за сликарство, графика, цртеж и уметничка фотографија во САД, Аргентина, Велика Британија, Германија, Турција, Египет, Кина, Арктик, Романија, Италија, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија, Косово, Бугарија и др. Добитник е на девет меѓународни и домашни награди во областа на културата и уметноста. |
![]() |
Доц. д-р Хулија Скука
ahskuka@gmail.com Доц. д-р Хулија Скука е родена 1970 г. во Скопје. Основно училиште завршила во Истанбул, а средно во Скопје. Дипломира на Филолошкиот факултет при УКИМ, на Катедрата за турски јазик и книжевност. Во 2002 г. магистрира во областа на турскиот јазик и книжевноста на Истанбулскиот универзитет, а во 2011 г. докторира во истата област на Филолошкиот факултет при УКИМ. Професионалната кариера ја започнува во 1991 г. како новинар во весникот на турски јазик „Бирлик“, во Скопје. Во периодот 1993 – 1995 г. работи како помлад асистент на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет. Од 1997 г. работи на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, најпрвин како асистент, а потоа и како професор за турски јазик и книжевност на групите Одделенска настава и Предучилишно воспитание. Во периодот 2012-2016 г. предава на Универзитетот во Измир, Турција. Објавила повеќе научни трудови во национални и меѓународни списанија и зборници. Учествувала на повеќе научни конференции и собири во Македонија и во странство (Истанбул, Едрене, Малме, Загреб, Сараево, Благоевград и др.). Активно била вклучена во неколку национални и меѓународни научни проекти (Темпус, Еразмус КА2 и др.) и била член на национални комисии (Комисија за стручен испит за одделенски наставници на турски наставен јазик). |