Редовни професори
![]() |
Проф. д-р Мито Спасевски
spasevski_m@yahoo.com Проф. д-р Мито Спасевски е роден 1952 г. во с. Мраморец, Дебарца, Охридско. Доктор е по филолошки науки од областа на книжевноста. Редовен професор e на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје и предава предмети од областа на книжевноста, јазикот и говорот. Автор е на дваесетина научни и стручни дела од областа на книжевноста, јазикот и литературата („Фолклорни и книжевни огледи за литературата за деца“, „Аналитички студии и опсервации на литературата за деца“, „Литература за деца“, „Воспитно-образовни аспекти по култура на говор“, „Методика на воспитно-образовната работа по култура на говор“, „Книжевни проследби и студии“ и др.). Автор е на повеќе од стотина научни трудови и проекти од областа на книжевноста, говорот и јазикот, презентирани на меѓународни и домашни научни собири. Тој е еден од основачите, а бил и потпретседател, на Балканската асоцијација на педагошки факултети. Бил меѓународен рецензент од областа на книжевноста и културата на говорот. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1990 г. Позначајни му се стихозбирките: „Усвитена постела“, „Чемерни синори“, „Небесна утока“, „Крепости“, „Врутоци“. Застапен e во повеќе книжевни антологии и е преведуван на повеќе јазици. Основач е на првото научно списание за книжевност за деца во Република Македонија „ЅУНИЦА“ (2007). Добитник e на повеќе награди и признанија за остварувања во науката, образованието и литературата. |
![]() |
Проф. д-р Благица Петковска
petkovskab@yahoo.com Проф. д-р Благица Петковска e родена 1954 г. во Драчево – Скопје. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Била професор во гимназијата „Браќа Миладиновци“ во Драчево, а долго време работела во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Таа е професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје од неговото формирање. Нејзините научно-стручни интересирања се поврзани со повеќе македонистички теми и со методиката по предметот Македонски јазик во одделенската настава. Автор е на стотина трудови, меѓу кои се и книгите: Јазичните погледи и јазикот во текстовите на Партениј Зографски (1996), Македонски јазик за V одделение за паралелките со настава на албански јазик (2000, коавторство со Љ. Донева), Македонски ерминии од XIX век; Речник на македонските ерминии (2005), Методика на креативната настава по Македонски јазик во нижите одделенија на основното училиште (2008), Ерминиите од XIX век – културнојазично наследство на Македонија (2013, електронско издание), Значењето на зборовите и наставната комуникација низ призмата на предметот Македонски јазик во одделенската настава во основното училиште (2014), Говориме и пишуваме – прирачник по јазична писменост од I до V одделение за студенти, наставници и обучувачи (2015, коавторство со Ан. Штерјоска-Митреска, Ѕвезден вез (2015, поетска стихозбирка). |
![]() |
Проф. д-р Розалина Попова-Коскарова
rozalinapopova5@gmail.com Проф. д-р Розалина Попова-Коскарова е родена 1966 г. во Кавадарци. Додипломски студии завршува на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за педагогија. Магистрира во 1993 г. на истиот Факултет, а во 2001 г. ја одбранила докторската дисертација со наслов: Теоретските проблеми во конципирањето на современото интелектуално воспитание и се стекнала со научниот степен доктор на педагошки науки. Во 1996 г. е избрана за асистент на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, по предметите Општа педагогија и Методика на воспитна работа. Во 2002 г. се стекнува со звањето доцент, во 2006 г. вонреден професор, во 2011 г. е избрана во звањето редовен професор за првпат, а во 2016 г. за редовен професор по вторпат. Учествувала со свои трудови на научни конгреси во Србија, Бугарија, Хрватска, Турција, Унгарија и Словачка. Автор е на учебниците „Општа педагогија“ (2011), „Стратегии, техники и модели за успешно менаџирање во одделението и класот“ (2008) и „Комуникација во туризмот“ (2006). Учесник е и раководител на голем број домашни и меѓународни проекти. Остварила студиски престој во Шведска во 1999, 2002 и 2015 година. Назначена е за член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование од страна на Владата на РМ во август, 2017 г.
|
![]() |
Проф. д-р Аида Ислам
islam@pfsko.ukim.edu.mk Проф. д-р Аида Ислам е родена 1966 г. во Скопје. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на Одделот по пијано. Магистерските студии ги завршува во 2002 г., а со научниот степен доктор по музички науки се стекнува во 2005 г. на ФМУ во Скопје. Во периодот 1987-2001 г. работи како професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Од 2001 г. е професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје за предметите од областа на музичката уметност. Покрај педагошката, Аида Ислам се занимава и со научноистражувачката дејност. Зема учество на голем број меѓународни конференции во Македонија и во странство (Лондон, Прага, Виена, Минхен, Ница, Бостон, Истанбул, Едрене, Стара Загора, Загреб итн.). Во текот на долгогодишната дејност во областа на музичката педагогија и теорија има објавено голем број научни трудови во релевантни меѓународни и домашни списанија. Била учесник и раководител и на неколку меѓународни проекти. Има одржано семинари во SOAS University of London, во Велика Британија, како и на Турскиот државен конзерваториум при Истанбулскиот универзитет. Има објавено шест книги во областа на музиката, од кои една во Германија |
![]() |
Проф. д-р Билјана Маленко
biljanamalenko@yahoo.com Проф. д-р Билјана Маленко е родена 1957 г. во Штип. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Магистерските студии ги завршува во 1991 г., а научниот степен доктор по филолошки науки го стекнува во 2002 г. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во периодот од 1981 до 1983 г. работела како лектор по македонски јазик при Јагелонскиот универзитет во Краков, Р Полска. Од 1983 до 2002 г. работела во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, во Одделението за дијалектологија. Во овој период била на студиски престои во Краков, Прага и Братислава. Ја вршела и должноста секретар на Сојузот за македонски јазик и литература. Од 2003 г. е вработена на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Покрај педагошката работа, се занимава и со научноистражувачка дејност. Учествувала на повеќе конференции, собири и работилници во Македонија и во странство. Има објавено голем број трудови од областа на македонскиот јазик. Била раководител на студиската група Одделенска настава. Има објавено книга од областа на дијалектологијата и практикуми од областа на современиот македонски јазик |
![]() |
Проф. д-р Вехби Кадриу
v.kadriu@yahoo.com Проф. д-р Вехби Кадриу е роден 1958 г. во с. Гајре, Тетовско. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за албански јазик и литература во 1981 г. Магистрира во 1992 г., а со научниот степен доктор по филолошки науки се стекнува во 1998 г. на Универзитетот во Тирана, Албанија. Во периодот 1981-1988 г. работи најпрвин во РТВ на Македонија, како лектор по албански јазик, а потоа во Редакцијата на весникот „Флака е велазеримит“ при НИП „Нова Македонија“ во Скопје. Од 1988 г. е професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје за предметите од областа на албанскиот јазик и книжевноста. Покрај наставната дејност, тој се занимава и со стручна и научноистражувачка работа. Учествувал на повеќе меѓународни конференции во Македонија и во странство. Има објавено голем број научни трудови од областа на современиот албански јазик во релевантни меѓународни и домашни списанија. Бил раководител на комисии за изготвување наставни програми по албански јазик за основно и средно образование. Од 2013 г. е претседател на Испитната комисија за полагање стручен испит по предметот Албански јазик за приправници во основните училишта. Има објавено неколку учебници за основно, средно и високо образование во областа на албанскиот јазик и литература. Се занимава и со преведувачка и лекторска дејност. |
![]() |
Проф. д-р Сузана Никодиновска-Банчотовска
suzi.niko.bancot@gmail.com Проф. д-р Сузана Никодиновска-Банчотовска е родена 1966 г. во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Научниот степен доктор по педагошки науки го стекнува, исто така, на Институтот за педагогија. Својот професионален развој го започнува во предучилишниот воспитно-образовен систем. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје работи од 1996 г. и сега е редовен професор. Ги предава предметите: Дидактика, Педагогија на слободното време, Следење на напредувањето на децата/учениците (на прв циклус студии) и Дидактички одредби на курикулумот, Професионален развој на одделенскиот наставник/воспитувачот и Дизајн и евалуација на дидактички средства (на втор циклус студии). Остварила студиски престои и посети во Велика Британија, Холандија, Белгија, Шведска и др. Учествувала во повеќе национални и меѓународни проекти како главен истражувач или член. Учествувала на национални и меѓународни собири, конференции и конгреси (Бриж, Амстердам, Едрене, Пореч, Стара Загора, Белград, Сомбор, Тузла, Охрид и др.). Учествувала во организацијата и реализацијата на работилници и обуки од областа на образованието. Објавила околу 70 оригинални научни трудови во научни национални и меѓународни списанија и списанија со импакт-фактор, како и во зборници од национални и меѓународни научни конференции. Автор е на пет научни монографии и книги. |
![]() |
Проф. д-р Татјана Котева-Мојсовска
tanja.koteva@yahoo.com Проф. д-р Татјана Котева-Мојсовска е родена 1961 г. во Скопје. Дипломира и магистрира на Филозофскиот факултет – Институт за педагогија, при УКИМ во Скопје, каде што во 2005 г. се стекнува со научниот степен доктор по педагошки науки. Носител е на звањето Особено истакнат педагошки работник стекнато на државно ниво во 1994 г. Кариерниот развој го започнува во предучилишна институција. Во 1997 г. се вработува на Педагoшкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје каде што, поминувајќи ги сите наставно-научни звања, денес е редовен професор за предмети од областа на педагогијата. Од 2009-2016 г. е продекан за наука на истиот факултет. Има остварено студиски престои и посети во странство (Велика Британија, Унгарија, Белгија, Холандија). Учествува и раководи со неколку национални и меѓународни научни проекти. Учествувала и како супервизор во меѓународен проект за развој на квалитетно родителство (United Nations Office on Drug and Crime) во 2013 г. Учествувала на повеќе конференции и научни собири во Македонија и во странство (Кестхеј, Бриж, Пореч, Едрене, Стара Загора, Белград, Тузла и др.). Има објавено повеќе научни трудови во релевантни домашни и меѓународни списанија и зборници. Автор е на четири научни монографии, учебници, збирка на инструменти за истражување. Учествува и во изработка на национални програми, стратегии и прирачници, како и во национални комисии (Комисија за лиценцирање стручни лица во градинките). |
![]() |
Проф. д-р Билјана Камчевска
biljanakamcevska@yahoo.com Проф. д-р Билјана Камчевска е родена 1969 г. во Скопје. Дипломирала на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. На истиот факултет магистрирала во 1996 г., а со научниот степен доктор по педагошки науки се стекнала во 2005 г. Нејзиното прво работно искуство е како воспитувач во предучилишната установа „Орце Николов“ во Скопје. Во 1997 г. е избрана за помлад асистент на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а во 2005 г. за доцент по предметите: Методика на наставата по ЗП и ЗО за групата Одделенска настава, Методика на воспитно-образовната работа по ЗПО за групата Предучилишно воспитание и Методика на работа со надарени деца. Од 2009-2012 г. раководела со Институтот за одделенска настава, а од 2012 г. е член на Универзитетскиот сенат при УКИМ. Автор е на еден универзитетски учебник, повеќе монографии, како и повеќе научноистражувачки трудови објавени во меѓународни и домашни научни зборници и списанија. Со свои трудови учествувала на повеќе конгреси и конференции од меѓународен карактер одржани во земјава и странство. Учествувала во изработка на национални наставни програми и други национални документи за основното образование и за раниот детски развој. Коавтор е на повеќе учебници за основно образование, како и на прирачници за предучилишно воспитание. Учествувала во реализацијата на повеќе научноистражувачки проекти од меѓународен и национален карактер. |
![]() |
Проф. д-р Емиљ Сулејмани
emilsulejmani@hotmail.com Проф. д-р Емиљ Сулејмани е роден 1969 г. во Куманово. Дипломира на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Магистрира во 2004 г., а со научниот степен доктор по социолошки науки се стекнува во 2006 г. на Институтот за социолошко и политичко-правни истражувања во Скопје. Во периодот 1994-1996 г. работи во Министерството за информации, а од 1996-1998 г. во Министерството за култура. Од 1998 г. работи на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Во 2015 г. е избран за редовен професор по предмети од областа на социологијата. Од 2008-2012 г. е раководител на Институтот за предучилишно воспитание, од 2012-2016 г. е продекан за настава, а од 2016 г. е избран за декан на Факултетот. Покрај педагошката, се занимава и со научноистражувачка дејност. Има учествувано на голем број меѓународни конференции во Македонија и во странство (Загреб, Пореч, Истанбул, Едрене, Стара Загора, Тирана, Елбасан, Приштина, Белград, Несебар итн.). Во текот на долгогодишната дејност од областа на социологијата има објавено голем број научни трудови во релевантни меѓународни и домашни списанија. Бил учесник и раководител на неколку меѓународни и домашни научноистражувачки проекти. Има одржано семинари во соработка со USAID, ERI SEE (Education reform initiative of south Eastern Europe), USAID & Macedonian Civic Education Center и др. Има објавено три книги во областа на социологијата и религиските системи. |
![]() |
Проф. д-р Светлана Камџијаш
svetlana.kamdzijas@gmail.com Проф. д-р Светлана Камџијаш е родена 1964 г. во Скопје. Во 1981 г. завршува интензивен курс по англиски јазик на East Sussex School of English во Брајтон, Англија, и ја објавува првата збирка на српскохрватски јазик „Кораци у лету“ во Никшиќ. Во 1982-1983 г. завршува интензивен курс по италијански јазик на Universita` per stranieri во Перуџа, Италија. Дипломира на УКИМ, на Катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје. Во 1990 Работи како новинар во културната рубрика на „Нова Македонија“. Во 1989 г. била на студиско-специјалистички престој на Универзитетот La Sapienza во Рим, под менторство на проф. Мароти. Од 1992-2007 г. работи како професор по македонски јазик во ДСУПУ „Лазар Личеноски“ во Скопје. Магистрирала и докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 2005 г. е професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а од 2014 г. предава и на Факултетот за ликовни уметности. Објавила четири книги од областа на философијата, од кои едната е објавена и во Софија; коавтор е на учебник за средно образование. Автор е на повеќе научноистражувачки студии објавени во меѓународни списанија, како и на две поетски збирки. |
![]() |
Проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ
slagjana.jakimovik@gmail.com Проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ (родена во Скопје, 1971 г.), редовен професор по математика (од 2016 г.), работи на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје од неговото формирање. На Институтот по математика на Природно-математичкиот факултет при УКИМ, дипломирала во 1995 г., а магистрирала во 2001 г. Докторирала во полето на математиката на University of Florida, Gainesville, USA во 2005 г. (истата година рангиран на 57 место на Шангајската листа). Била раководителка на Институтот за одделенска настава (2012-2016). Акредитиран ментор е на докторските студии Образование на наставници за примарното образование. Објавила оригинални научноистражувачки трудови во референтни научни списанија со фактор на влијание (Fundamenta Mathematicae, Topology Proceedings, Croatian Journal of Education…) и во зборници од меѓународни научни конференции на академии на науките (Complex Analysis and Applications ’13, Sofia: Institute of Mathematics and Informatics, Bulgarian Academy of Sciences…). Учествувала на меѓународни научни конференции, а по покана на организаторите одржала пленарно предавање на 13th Nitra Mathematical Conference, Department of Mathematics, Constantine the Philosopher University, Nitra, Slovakia (2015) и на 3rd Dynamic Mathematics in Education Conference, IMI, Bulgarian Academy of Sciences (2015). Била раководителка на проектот Уверувањата на идните учители и воспитувачи за природата на знаењата, учењето и поучувањето мајчин јазик и математика, финансиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. |
![]() |
Проф. д-р Весна Макашевска
makasevska@pfsko.ukim.edu.mk Проф. д-р Весна Макашевска е родена 1970 година во Скопје. Во 1993 г. дипломира на Филозофскиот факултет, на Институтот за педагогија. Магистрира во 2002 г., а во 2007 г. го стекнува научниот степен доктор по педагошки науки. Своето работно искуство го започнала како одделенски наставник во ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“, а во 1998 г. започнала да работи на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје како помлад асистент во областа методика на математичкото образование. Во 2007 г. е избрана за доцент, во 2012 г. за вонреден професор, а во 2016 г. е избрана во звањето редовен професор. Продекан за настава е во периодот 2016-2020 г. Автор е на повеќе научноистражувачки трудови објавени во домашни и меѓународни научни списанија и зборници. Трудовите се од областа на почетното математичко образование и се однесуваат на методичките коцепти во наставата по математика, различните стратегии на учење и поучување и сл. Учествувала на повеќе научни собири и конференции од меѓународен карактер во Македонија и во странство. Има објавено повеќе стручни трудови, учебници и учебни помагала по математика за основното образование и прирачници за деца од предучилишна возраст. Има учествувано во разни проекти од меѓународен карактер во организација на УСАИД, ТЕМПУС и др., како и во повеќе научноистражувачки проекти на Факултетот. |