Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

Информации

септември 2023
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
Огласна табла

Историја на факултетот

 

Педагошкиот Факултет „Св. Климент Охридски“ е основан во 1995 година. Првата генерација со четиригодишни студии се запиша во учебната 1995/96 година. Но, почитувани наши студенти и други заинтересирани, смета­ме дека и во оваа прилика, можеме да дадеме краток осврт за формирањето на наставниот кадар во минатото. Тоа го правиме за да ве информираме дека нашиот Факултетет и неговата мисија почиваат на една долга традиција, започната со Климен­товата просветителска дејност во неговата школа во Охрид, познат како прв Словенски универзитет, низ кој поминале околу 3500 ученици. Исто така, се продолжува традицијата на Вишата пе­да­гош­ка школа „Климент Охридски“- Скопје, која е отворена со Уредба на владата на Народна Република Македонија, во 1947 год. На по­четокот во Вишата педагошка школа наставата се изведуваше на пет студиски групи. Со текот на времето се зголемува бројот на студиските групи, така што во 1952 год. се изведува настава на 13 студиски групи, меѓу кои се и студиските групи на албански и на турски јазик, а во 1953 год. бројот на студиските групи се зголемува на 17. Наредните години нивниот број се менува во зависност од интересот за студирање и од општествените потреби.

Вишата педагошка школа, согласно Законот за високо­школ­ските институции, од 1961 год., прераснува во Педагошка акаде­мија, на која покрај предметната настава се отвора и група за Одделенска настава. Од формирањето на Педагошката школа (1947) до започ­ну­вањето со работа на Педагошкиот факултет (1995), своето образо­ва­ние за наставници на маке­донски, на албан­ски и на тур­ски наста­вен јазик го оформиле 13000 студенти.

Денес Педагошкиот факултет „Св Климент Охридски“ е еди­ни­­ца во рамките на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ – Скопје, и е модерна наставно-научна институција која ги следи современите достигнувања во научните дисциплини и методиките кои се реле­вантни за формирањето на професори по Одделенска настава и Предучилишно воспитание.

Постојано се работи на иновирање на програмите и подобрување на условите за работа. Имено факултетот започна да работи во учебната 1995/96 година според наставниот план и програма донесена од Матичната комисија за основање на Факултетот. Во учебната 2004/05година започнавме да ги применуваме новите сту­диски и предметни програми според Европскиот кредит транс­фер систем. Студиската програма е составена од задолжи­телни, изборни и факултативни предмети. Во овој период на реализација ние како професори заедно со нашите студенти, стекнавме опреде­лено ис­куство во сите сегменти на тој систем. Тековно правевме и некои промени во предметните програми. Учебната 2010/2011 година нас­тавата започна да се реализира според новите програми кои се акредитирани од Одборот за акредитација.

Педагошкиот факултет својата наставно научна дејност ја остварува преку три наставно научни студиски групи (одделенија):

  1. Одделенска настава;
  2. Предучилишно воспитание;
  3. Библиотекарство.

Наставата на студиските групи за одделенска настава и за предучилишно воспитание се изведува на македонски, на албански и на турски наставен јазик. Во реализацијата на нас­та­вата, покрај професорите и асистентите од нашиот Факултет, учест­вуваат и професори од други факултети со кои имаме соработка.

Студиската група за библиотекарство започна со работа во учебната 2010/2011 година.

Од учебната 2010/2011 година, исто така, започна да се реализира и настава на втор циклус (последипломски студии). Наставата се изведува на македонски, на албански и на турски наставен јазик. Во тек се подготовки за отпочнување на втор циклус на студии по Библиотекарство.

Од учебната 2013/2014 година се реализираат студиските и предметните програми за прв и втор циклус кои се усогласени согласно измените од Законот за високото образование и се акредитирани од Одборот за акредитација, а од декември 2016 година, и докторски студии ( трет степен).

Нашиот Факултет остварува меѓународна соработка со пове­ќе факултети и асоцијации чиј предмет на интересирање е образо­ва­нието. Организираме и учествуваме на повеќе меѓу­на­род­­ни соби­ри. Вклучени сме во меѓународни проекти. Покрај наставната дејност развиваме и научно истражувачка работа, преку истражувачки проекти посветени на образованието, како и проекти финансирани од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

 

 

УПИСИ 2022/2023
Септември Сесија23
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________