Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

Информации

септември 2023
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
Огласна табла

Педагошки стаж

ПЕДАГОШКИ СТАЖ
ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2018/2019
ЗА РЕДОВНИ, ВОНРЕДНИ СТУДЕНТИ И
СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПО ПРОЕКТ 30/35 И 40/45
ПОЧНУВАЈЌИ ОД УЧЕБНАТА 2010/2011 ГОДИНА

 

  1. Редовните, вонредните и студентите запишани по проект 30/35 и 40/45, почнувајќи од учебната 2010/2011 година, Педагошкиот стаж – ќе можат да го одржат во училиште или градинка по свој избор, со Потврда која претходно задолжително треба да ја подигнат од Медијатека кај Наталија Јошева во периодот од 17.10.2018 година до 31.10.2018 година.
  2. Редовните, вонредните и студентите запишани по проект 30/35 и 40/45, кои го пријавија Педагошкиот стаж во периодот од 17.10.2018 година до 31.10.2018 година, истиот ќе треба да го реализираат до крајот на месец ноември 2018 година, во времетраење од 12 работни дена.
  3. За студентите на македонски наставен јазик за студиските групи одделенска настава и предучилишно воспитание одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде проф. д-р Елизабета Бандиловска.
  4. За студентите на албански наставен јазик за студиските групи одделенска настава и предучилишно воспитание одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде проф. д-р Љуљзим Адеми.
  5. За студентите на турски наставен јазик за студиските групи одделенска настава и предучилишно воспитание одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде проф. д-р Аида Ислам.
  6. По заверката на Педагошкиот стаж кај одговорниот професор-ментор, студентите потребните документи ги доставуваат во Службата за студентски прашања.

НАПОМЕНА: Потребните документи, односно протоколите за реализација на Педагошкиот стаж студентите ќе можат да ги подигнат од фотокопирницата АС ТУРБО.

 

Скопје,16.10.2018

                                                                                   Продекан за настава

Проф. д-р Весна Макашевска

 

 

 

ПЕДАГОШКИ СТАЖ
ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2018/2019
ЗА СТУДЕНТИ КОИ ГО ОБНОВИЛЕ СТАТУСОТ СТУДЕНТ

 1. Студентите кои го обновија статусот студент и ги продолжија студиите на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, како студенти на соодветната четиригодишна студиска програма од прв циклус академски студии можат да го реализираат ПЕДАГОШКИОТ СТАЖ согласно Одлуката бр. 02-1022/13 од 23.12.2013 година

2. Реализирањето на ПЕДАГОШКИОТ СТАЖ студентот може да го изврши до крајот на своето студирање, односно пред одбраната на дипломската работа и тоа во траење од 5 работни дена.

Стажот може да се релизира во градинка или училиште согласно предметната програма, и тоа по избор на студентот.

3. По истекот на 5-те работни дена студентот е должен да достави Потврда до Службата за студентски прашања, изготвена од страна на Факултетот, а потпишана од менторите и Директорот на училиштето, односно градинката каде стажот е реализиран. Истата ќе биде составен дел од досието на студентот и доказ за реализираниот педагошки стаж.

4. Сите заинтересирани студенти кои го обновиле статусот студент, и имаат запишано и заверена четврта година во учебната 2018/2019 година, можат да ја подигнат Пријавата за стаж во Медијатека кај Наталија Јошева во периодот од 17.10.2018 година до 31.10.2018 година.

 

Скопје,16.10.2018

                                                                                      Продекан за настава

Проф. д-р Весна Макашевска

 

УПИСИ 2022/2023
Септември Сесија23
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________