Доц. д-р Хулија Скука
Доц. д-р Хулија Скука е родена 1970 г. во Скопје. Основно училиште завршила во Истанбул, а средно во Скопје. Дипломира на Филолошкиот факултет при УКИМ, на Катедрата за турски јазик и книжевност. Во 2002 г. магистрира во областа на турскиот јазик и книжевноста на Истанбулскиот универзитет, а во 2011 г. докторира во истата област на Филолошкиот факултет при УКИМ. Професионалната кариера ја започнува во 1991 г. како новинар во весникот на турски јазик „Бирлик“, во Скопје. Во периодот 1993 – 1995 г. работи како помлад асистент на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет. Од 1997 г. работи на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, најпрвин како асистент, а потоа и како професор за турски јазик и книжевност на групите Одделенска настава и Предучилишно воспитание. Во периодот 2012-2016 г. предава на Универзитетот во Измир, Турција. Објавила повеќе научни трудови во национални и меѓународни списанија и зборници. Учествувала на повеќе научни конференции и собири во Македонија и во странство (Истанбул, Едрене, Малме, Загреб, Сараево, Благоевград и др.). Активно била вклучена во неколку национални и меѓународни научни проекти (Темпус, Еразмус КА2 и др.) и била член на национални комисии (Комисија за стручен испит за одделенски наставници на турски наставен јазик).