Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

July 2020
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
Огласна табла

Д-р Весна Хорватовиќ

Асистент д-р Весна Хорватовиќ е родена 1970 г. во Скопје каде што завршува основно и средно образование. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Во 2010 г. ги завршува магистерските студии, а во 2016 г. докторира на Институтот за педагогија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и се стекнува со научниот степен доктор по педагошки науки. Од 2017 г. работи како асистент на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје за предмети од областа на педагогијата и литературата за деца. Својот професионален пат го започнува како новинар во македонско радио, па продолжува како наставник по македонски јазик и литература во основни и средни училишта. До 2017 г. е директор на Бирото за развој на образованието на Република Македонија. Во областа на образованието учествува во креирање концепции, од кои ги истакнуваме: Концепцијата за деветгодишно основно воспитание и образование и Концепцијата за изработка на учебник и методологија за вреднување на учебник и во различни истражувања, како што се: Истражување за развивање систем за работа со надарени и талентирани ученици во основните училишта во Република Македонија; Истражување за примената на активна настава во основните и средните училишта во Република Македонија. Објавила стручни и научни публикации од областа на педагогијата. Има учествувано на голем број домашни и меѓународни конференции.

УПИСИ 2019/20
Септември сесија19
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________