Д-р Јасмина Јовановска
Д-р Јасмина Јовановска е родена 1980 г. во Скопје. Дипломира на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Институтот за математика. Магистерските студии ги завршува во 2011 г. на ПМФ, на Институтот за информатика и се стекнува со научниот степен магистер на информатички науки. Докторските студии ги запишува на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. По завршувањето на дипломските студии е ангажирана како надворешен соработник за група предмети кои ги покрива Одделот за математика и информатика на Машинскиот факултет во Скопје. Во периодот 2005-2012 г. работи како помлад асистент на Факултетот за информатика при Европскиот универзитет во РМ. Во 2012 г. е ангажирана како надворешен соработник на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје почнува да работи од 2012 г. како асистент на предмети од областа на информатичките науки. Покрај активната дејност во наставата, зема учество на низа меѓународни конференции во Македонија и во странство. Главно подрачје на научен интерес ѝ се прибирањето информации, обработката на природните јазици, како и системите за одговарање прашања. Има објавено повеќе научни труда во зборници од домашни и меѓународни конференции. Била и е учесник на неколку проекти.