Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

September 2021
M T W T F S S
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  
Огласна табла

М-р Мујесер Илјази

М-р Мујесер Илјази е родена 1973 г. во Гостивар. Дипломирала на Музичкиот факултет при Универзитетот на уметностите во Тирана, Р Албанија, во 2000 г. Натамошната професионална надградба ја реализира на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде што се запишала на постдипломски студии на Одделот за сонологија и мултимедија. Магистерските студии ги завршила во 2011 г. Во академската 2014/2015 г. се запишува на докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на ЈНУ Институт за национална историја, на студиската група Културна историја на Македонија. Работниот ангажман го започнува во 2000 г. како наставник по музичко образование во ОУ „Исмаил Кемали“ во Гостивар. Во учебната 2009/2010 г. е ангажирана како демонстратор по музичка теорија на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје по предметот Основи на музичкото воспитување со методика. Во 2012 г. е избрана за асистент по истиот предмет за студиските групи Одделенска настава и Предучилишно воспитание на албански наставен јазик. Има објавено голем број трудови во различни научни списанија, а учествувала и на голем број домашни и меѓународни конференции во Хрватска, Србија, Бугарија, Турција, Албанија итн.

УПИСИ 2020/2021
Септември Сесија20
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________