Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

Информации

септември 2023
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
Огласна табла

Доц. д-р Бурхан Ахмети

Доц. д-р Бурхан Ахмети е роден 1978 г. во с. Дебреше, Гостиварско. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности при Државниот тетовски универзитет, на одделот по Графика. Во 2005 г. магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, оддел Графика, во класата на проф. Фатмир Крипа и оддел Сликарство кај проф. Реџеп Фери. Во периодот 2003/2004 г. е ангажиран како асистент на oдделот по Графика на Факултетот за ликовни уметности при ДУТ. Во периодот 2006/2010 г. е ангажиран како помлад асистент и асистент во областа на ликовната уметност на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. На истиот факултет во 2013 година добива звање доцент за предметите од ликовната уметност. Има учествувано на повеќе меѓународни конференции во Македонија и во странство, на стотина меѓународни ликовни симпозиуми и изложби бил учесник и/или куратор. Има одржано десет самостојни изложби во: Софија, Цирих, Скопје, Приштина, Берлин, Парис, Дижон, Њујорк. Учесник е во над 180 меѓународни и домашни групни изложби, биенале, годишни изложби, триенале за сликарство, графика, цртеж и уметничка фотографија во САД, Аргентина, Велика Британија, Германија, Турција, Египет, Кина, Арктик, Романија, Италија, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија, Косово, Бугарија и др. Добитник е на девет меѓународни и домашни награди во областа на културата и уметноста.

УПИСИ 2022/2023
Септември Сесија23
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________