Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

October 2020
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  
Огласна табла

Проф. д-р Виолета Мартиновска

Проф. д-р Виолета Мартиновска е родена 1970 г. во Скопје. Дипломирала (1993), магистрирала (2003) и докторирала (2007) на Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје и се стекнала со научен степен доктор на филолошки науки. Одбранила втора докторска дисертација на ИНИ – Скопје (2009) и се стекнала со научен степен доктор на историски науки. Работела како гимназиски професор по македонски јазик и литература, медиевист во археографска збирка и збирка за ретки и старопечатени книги во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, стручен рецензент за книги во весникот „Дневник“. Била уредник во списанието „Современост“. Избрана е за асистент на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје во 2011 г., за доцент во 2012 г., за вонреден професор во 2017 г. од областа на книжевноста и библиотекарството. Објавила 18 книги (стручни, критичко-есеистички, роман за деца, стихозбирки) и 330 текста во периодиката. Била раководител на национални научноистражувачки проекти во земјата и странство. Се профилира како романсиер, раскажувач, поетеса, книжевен критичар. Член е на уредувачкиот одбор на меѓународно електронско списание „Медиевал“. Била рецензент и промотор на повеќе монографии, претседател на Првата научна средба „Св. Климент Охридски“, претседател на „Македонскиот мултикултурен клуб“. Почесен член е на ЦОУ „Рајко Жинзифов“. Автор е на повеќе изложби на словенски ракописи.

 

 

 

 

УПИСИ 2020/2021
Септември Сесија20
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________