Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

март 2023
П В С Ч П С Н
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
Огласна табла

Проф. д-р Љуљзим Адеми

Проф. д-р Љуљзим Адеми е роден 1971 г. во Скопје. Дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата Албански јазик и книжевност во 1995 г. На истиот факултет магистрира во 2005 г., а со научниот степен доктор по филолошки науки се стекнува во 2011 г. Од 1997 г. работи како помлад асистент на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, од 2006 г. како асистент, а од 2012 г. како професор и предава предмети од областа на албанскиот јазик и методиката на јазикот. Член е на Деканатската управа во периодот 2012-2016 г. како раководител на Институтот за предучилишно воспитание, а во периодот 2016-2020 г. како раководител на Институтот за одделенска настава. Учесник, изготвувач, член, обучувач, евалуатор, супервизор, ментор итн. на многубројни проекти од национален и од меѓународен карактер, како „Тулкид“, „Со читање и пишување до критичко мислење“, „Образование за социјална правда“, ПРЕЦЕДЕ, „Социјални вештини и компетенции“, „Мозаик“, „Со читање до лидерство“ и др. Има објавено голем број научни трудови во домашни и меѓународни научни списанија и зборници. Учествувал на голем број домашни и меѓународни научни конференции во земјава и странство (Стара Загора, Пула, Пореч, Опатија, Едрене, Лерин, Корча, Скадар итн.).

УПИСИ 2022/2023
Септември Сесија23
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________