Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

Информации

септември 2023
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
Огласна табла

Проф. д-р Лулзим Алиу

Проф. д-р Лулзим Алиу е роден 1977 г. во Кичево. Основното и средното образование ги завршил во Кичево, а студиите по албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистерската тема под наслов: Јазикот во народните албански песни од кичевскиот регион ја одбранил во 2006 г. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а во 2011 г. на истиот факултет ја одбранил докторската дисертација со наслов: Глаголот во преведените романи на Исмаил Кадаре од албански на македонски јазик и се здобил со звањето доктор на филолошки науки. Од 1999-2000 г. работи како професор во основното училиште „Санде Штерјоски“ во Кичево. Од 2000 г. е овластен судски преведувач од албански на македонски јазик и обратно. Од 2009 г. е ангажиран на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје како наставник за предмети од областа на методиката и литературата за деца. Во 2016 г. е избран во звањето вонреден професор. Во периодот 2014-2016 г. е раководител на групата Предучилишно воспитание на втор циклус студии, а во периодот 2017-2019 г. е раководител за трите студиски групи на вториот циклус студии при Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Автор е на книгите: „Metodika e mësimdhënies së gjuhës shqipe në ciklin e ulët të arsimit fillor“ (2013) и „E folmja e rrethit të  Kërçovës“ (2011).

УПИСИ 2022/2023
Септември Сесија23
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________