Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

October 2020
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  
Огласна табла

Проф. д-р Флорина Шеху

Проф. д-р Флорина Шеху е родена 1967 г. во Гостивар. Дипломира на Институтот за педагогија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На истиот институт магистрира во 2004 г., а докторира во 2010 г. и се стекнува со звањето доктор по педагошки науки. Од 1991-1993 г. работи како воспитувач во предучилишната установа „Фидани“ во Скопје, од 1993-1997 г. работи како виш самостоен советник во Министерството за образование и наука, а од 1997 г. работи на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Како вонреден професор предава предмети од областа на педагогијата, методологијата на истражувањето и дидактиката на прв, втор и трет циклус студии. Учествува во голем број меѓународни и национални научноистражувачки проекти (САД, Данска, Белгија, Италија, Бугарија, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора итн.) како истражувач, обучувач, евалуатор, ревизор, ментор, консултант. Учествува во изготвувањето на национални програми, стратегии, стандарди и модули за предучилишно, основно, средно и високо образование. Посебен фокус на интерес ѝ се подрачјата на инклузивно, мултикултурно, интеркултурно, интегрирано, социјално, семејно образование и комуникација. Коавтор е на 17 прирачници за предучилишно, основно и средно образование, наменети за воспитувачи, наставници, професори, деца, ученици и родители. Учествува на низа меѓународни и национални конференции и симпозиуми.

УПИСИ 2020/2021
Септември Сесија20
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________