Проф. д-р Леонора Јегени
Проф. д-р Леонора Јегени е родена 1966 г. во Скопје каде што завршила основно и средно образование. Дипломира на Педагошката академија, на групата Одделенска настава. Своето образование го дооформила на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Во 2003 г. е избрана за помлад асистент на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, по предметите Методика на наставата по ЗПО, ЗП и ЗО, за групата Одделенска настава на албански наставен јазик, Методика на воспитно-образовната работа по ЗПО, за групата Предучилишно воспитание на албански наставен јазик и Педагошка практика за двете наставни групи на албански наставен јазик. Истовремено, се запишала на постдипломски студии на Педагошкиот факултет во Битола каде што го одбранила магистерскиот труд на тема: Улогата на прашањата на воспитаникот во сознавањето на природата и општеството и се стекнала со научен степен магистер по педагогија во областа на методиките. Во 2010 г. на Педагошкиот факултет во Битола ја одбранила докторската дисертација на тема: Квалитетот на прашањата во наставата по природа и општество. Во 2015 г. е избрана за вонреден професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Има објавено голем број стручно-научни трудови во земјата и во странство. Учествувала на повеќе научни собири и семинари. Автор и коавтор е на трудови и на книги