Проф. д-р Билјана Глигорова
Проф. д-р Билјана Глигорова е родена 1974 г. во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје, а во 1993/1994 г. се запишала на Медицинскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломирала во 1999 г., а на последипломски студии на Медицинскиот факултет во Скопје (насока Хигиена со медицина на трудот) се запишала во 2000 г. Во 2005 г. ја одбранила својата магистерска теза и се стекнала со титулата магистер на медицински науки. Докторски студии запишала на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Ниш, Република Србија, каде што докторирала во 2010 г. и се стекнала со звањето доктор на медицински науки. Во 2000 г. е ангажирана како демонстратор по предметот Хигиена на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Истата година е избрана за помлад асистент, а во 2005 г. за асистент по предметот Хигиена. Во 2010 г. е избрана за доцент на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а во 2015 г. за вонреден професор. Во текот на своето долгогодишно работење има објавено голем број трудови, а учествувала и на значајни семинари, симпозиуми и конгреси од областа на педагошките и на медицинските науки.