Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

September 2020
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  
Огласна табла

Проф. д-р Мариета Петрова

Проф. д-р Мариета Петрова е родена 1968 г. во Скопје. Дипломира и магистрира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за педагогија. Во 2009 г. докторира на Универзитетот „Đemal Bjediћ“ во Мостар. Во 2014 г. се стекнува со звањето вонреден професор. Во периодот 2012-2014 г. е секретар на вториот циклус универзитетски студии, а во периодот 2014-2016 г. е раководител на групата Одделенска настава на истиот циклус студии. Учествувала во европскиот проект „Training for Teaching in Multicultural Institution (TEMPUS-PHARE проект реализиран од четири земји од Европската Унија: Холандија, Шведска, Данска, Обединетото Кралство од кој произлегува нејзиниот престој во MALMÖ HÖGSKOLA; MALMÖ SHOOL OF EDUCATION SWEEDEN во 2000 г. Дел е од проектот на УКИМ и ПФСКО за основање на градинката „Бисери“ која работи според методот Agazzi и во која реализира повеќе проекти. Учествува во програмата за стручно усовршување „Интеркултурално воспитание“ во 2012 г., во соработка со Универзитетот во Падова, Учителскиот факултет во Загреб, Универзитетскиот институт „Софија“ во Фиренца, Меѓународното училиште на педагошки науки (СИСФ) во Венеција, Институтот „Агаци“ од Бреша, Независниот универзитет од Барселона и Детската  градинка „Зрака сунца“ од Крижевци. Учествувала на повеќе меѓународни конгреси. Објавила повеќе оригинални научноистражувачки трудови. Автор и коавтор е на неколку книги.

УПИСИ 2020/2021
Септември Сесија20
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________