Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

September 2020
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  
Огласна табла

Проф. д-р Маја Рауник Кирков

Проф. д-р Маја Рауник Кирков е родена 1966 г. во Охрид. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1990 г. Магистерските студии ги завршува во 1993 г. на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, Словенија. Со научниот степен доктор по педагогија од областа на методиките се стекнува во 2008 г. на Педагошкиот факултет во Битола. Во периодот 1993-1999 г. работи како професор  во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Од 1999 г. е вработена на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје за предметите од областа на ликовната уметност. Продекан за наука е во периодот 2016-2020 г. Како резултат на научноистражувачката дејност во областа на ликовната педагогија учествува на голем број меѓународни конференции во Белград, Едрене, Корча, Ниш, Пореч, Опатија, Скопје, Битола итн. Објавува голем број научни трудови во релевантни списанија. Автор е на два учебника, три прирачници за наставници и воспитувачи и на две мапи за предучилишна возраст. Покрај педагошката, таа се занимава и со уметничка дејност. Била учесник на изложби во Германија, Италија, Америка, Канада, Франција, Кина, Кореја, Полска, Словенија, Хрватска итн. Добитник е на пет графички награди, од кои четири се меѓународни. Нејзини дела се наоѓаат во музејски збирки во Виена, Љубљана, Осло, Ново Место, Мајданек, Будимпешта, Шангај.

УПИСИ 2020/2021
Септември Сесија20
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________