Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

Информации

септември 2023
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
Огласна табла

Библиотекарство,

ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА

Во современиот свет незамисливо е успешно функционирање на образовниот систем, посебно на Универзитетот и целокупниот образовен и научно-истражувачки процес без целосен синхронизиран и комплементарен развој на современото библиотекарско работење и развој на современи библиотеки како вечни храмови на мудроста и знаењето.

Во насока на развојот на современото библиотекарство од неопходна важност е профилирањето на соодветен едуциран кадар во рамките на  институционалното образование. Со оглед на фактот дека Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје својата дејност ја развива во согласност  со најновите светски научни и образовни достигнувања и текови, што се усогласени со стандардите на Болоњската декларација, во академската учебна 2010-2011 година својата дејност ја прошири  со отворање на нова студиска група за библиотекарство, чие научно – истражувачко подрачје се  хуманистичките науки.

Имајќи ги предвид  промените во сферата на  образованието, евидентна беше потребата од измени и дополнувања на студиската програма. За таа цел, во учебната 2013-2014 година, акредитирана е новата студиска програма за Библиотекарство. Новата студиска програма е  осовременета и усогласена  според Правилникот за задолжителни компоненти кои треба да ги поседуваат студиските програми од прв циклус студии (Сл. Весник бр. 25/2011 и Сл. весник, бр. 146/2011).

Студиската програма е во траење од четири години, односно осум семестра и содржи задолжителни и изборни предмети. Задолжителните предмети се од соодветната област на Институтот за библиотекарство, при што нивното учество е до 60% од вкупниот број на предмети, 30% се изборни предмети од рамките на Факултетот и 10% се изборни предмети кои студентот ги избира од листата на слободни  изборни предмети на Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ – Скопје.

По завршувањето на студиите, студентот се стекнува со 240 ЕКТС- кредити и ќе се здовие со звањето дипломиран библиотекар.

Задачата на студиите по Библиотекарство е подготвување на современ профил на библиотекари – профил кој е целосно дефицитарен во нашата држава. Новиот профил на дипломираните студенти, во голема мера, ќе биде детерминиран од современите трендови во библиотекарството, од новите светски стратегии за развој на библиотеките, од потребите за развој на дигиталните библиотеки, од современиот менанџмент на библиотекарското работење, од Манифестот на УНЕСКО за народните библиотеки, Манифестот на УНЕСКО за училишните библиотеки, Етичкиот кодекс на библиотекарите и многу други меѓународни и национални документи, неопходни за функционирањето на успешно и современо библиотекарство.

Значајниот исчекор кон образованието на кадрите од библиотекарството особено во функција на нивната понатамошна научно истражувачка и растеж се студиите од втор циклус студии по библиотекарство како понатамошен развоен континуитет на првиот циклус студии по библиотекарство.

Главната и суштинска цел на Институтот за библиотекарство е  профилирање на современи високообразовни кадри за потребите на новиот век, кадри кои ќе бидат главни носители и двигатели на сите современи текови и тенденции во библиотечните процеси, односно во целокупното библиотечно работење.

проф. Д-р Мито Спасевски
раководител
на Институтот по библиотекарство

 

    1. ОПИС НА ОБРАЗОВНИОТ ПРОФИЛ

1.1. Стручен  назив

По завршувањето на студиската програма за библиотекарство студентот се стекнува со стручен   назив дипломиран библиотекар

1.2. Општи дескриптори на квалификациите

Знаењаи разбирање

·    Покажува знаења и разбирања на социјалната и културната димензија на воспитно-образовната / културно-образовната установа.

·    Познава, разбира и разликува воспитно-образовни и функционални цели во реализирање на дејноста на воспитно-образовната / културно-образовната установа.

Применана знаењето

и разбирањето

·      Оспособен е за академско читање и пишување, умее да ги применува нормите на правописот и правоговорот, умее да ја применува функционалната јазична писменост, ги препознава различните јазични стилови и е носител на јазичната норма на сите јазични рамништа.

·      Поседува базична математичка писменост (на различни нивоа на умешност за различни компоненти на математичката писменост, дефинирана во меѓународно прифатени документи).

·      Умее да применува истражувачки методи, техники и инструменти и поседува умеења за вклучување во акциони  истражувања.

Способностза проценка

·      Ги препознава, ги разликува и ги уважува различните етички норми и умее да избира и користи содржини и активности за поттикнување на етичките доживувања и вреднувања.

·      Ги познава, ги прифаќа и селектира стратегии за поддршка на мултикултурни вредности, мултикултурна и религиска толеранција, јазичен и конфесионален плурализам.

·      Умее да избира и користи содржини и активности за поттикнување  на креативноста, на позитивни чувства кон уметничкото творештво и кон естетското вреднување.

Комуникациски вештини

·      Умее да комуницира на стандардната јазична норма на државниот (македонски) јазик и на својот мајчин јазик.

·      Ја познава и користи терминологијата што е карактеристична за професијата.

·      Умее да избира содржини и активности за развој на еколошката свест и еколошката култура, како облик на комуникација на човекот со природата.

·      Ги познава основните карактеристики и предности на тимската работа, умее да применува современи кооперативни техники за учество и координирање на тимски активности.

·      Ги познава придобивките и селектира современи техники на соработка со сродни установи и со локалната заедница.

·      Ги познава и ги разбира принципите за создавање стимулативна средина за учење и применува стратегии за поттикнување позитивна социо-емоционална клима во установата / групата.

Вештинина учење

·      Ја познава, ја разбира и ја прифаќа својата професионална улога во современото општество, ги знае компетенциите кои треба да ги поседува и ја разбира потребата од континуиран професионален развој.

·      Умее да наоѓа, обработува, користи и разменува стручни и научни информации од својата област.

·      Користи информатичко-комјутерска технологијата во размена на информации од стручен карактер и умее да селектира и да користи информации во интерес на осовременување на образовниот процес.

1.3. Специфични дескриптори на квалификациите

Знаењаи разбирање

·      Покажува знаење и разбирање од областа на библиотекарството.

·      Покажува познавање и разбирање на институционалната поставеност на библиотеките.

·      Покажува знаење за традиционалното и електронското издаваштво.

·      Покажува знаење и разбирање на социјалната и културната димензија на библиотекарството.

·      Познава, разбира и разликува образовни и функционални цели во реализирањето на содржините на библиотекарството.

·      Знае и поседува вештини по ИКТ и други современи стратегии / средства во библиотекарската дејност.

Применана знаењето

и разбирањето

·      Поседува вештини за организирање, пребарување и пронаоѓање на библиотечна граѓа.

·      Умее да применува знаење за каталогизација на  библиотечна граѓа (книжни фондови, музикалии и сите други видови на библиотечна граѓа).

·      Умее да применува знаење за класификација на библиотечната граѓа.

·      Умее да применува знаење за дигитализација на библиотечна граѓа.

·      Поседува умешност за формирање, организирање и управување со библиотечните фондови.

·      Умее да применува знаење за користење на информатичката технологија во библиотеката.

·      Поседува вештини за заштита на библиотеката и библиотечната граѓа.

·      Поседува вештини за организирање, пребарување, толкување и презентирање на библиотечни информации.

·      Поседува вештини за соработка со читателите и корисниците на библиотечните услуги.

·      Поседува умешност за развивање на позитивните чувства кај децата и учениците за вредноста на книгата и нивно поттикнување, т.е. мотивирање за читање.

·      Умее да применува знаење за водење на збирки и фондови;

·      Поседува умешност за флексибилна употреба на знаењето во практиката.

·      Умее да применува  аналитичко – синтетички  методи во учењето  и при решавањето проблеми.

Способностза проценка

·      Поседува знаење за наоѓање, обработување, користење и разменување на стручни и научни информации.

·      Поседува знаење за самоорганизирање и планирање.

·      Поседува знаење за (само)иницијативност, (само)критичност и сигурност.

·      Поседува умешност за етичност и уважување на постоењето на различните етички норми.

·      Поседува умешност за естетско доживување и вреднување.

·      Поседува умешност и вештини на рефлексивен практичар – примена на специфични истражувачки методи, техники и инструменти во библиотечната дејност.

·      Поседува знаење за истражување, анализирање, реализирање и презентирање на стручна научна и друг вид литература.

Комуникациски вештини

·      Има умешност за соработка, размена на искуства и тимска работа.

·      Има познавања за комуникација на стандардна јазична норма (македонска, албанска и турска).

·      Има познавања за одржување на академско ниво во стручната комуникација со лица од исти и други стручни профили.

·      Има познавања за комуникација  на странски јазик.

·      Има умешност за соработка со локалната заедница, основните училишта, средните училишта, факултетите и други сродни институции.

·      Умее да избере содржини и стратегии за воспоставување на позитивна комуникациска клима при реализација на својата библиотечна дејност.

·      Има умешност за разбирање и за промовирање на мултикултурни вредности и мултикултурна толеранција кај читателите и корисниците на библиотечните услуги.

·      Има познавања за разбирање на односите помеѓу произведувачите, посредниците и корисниците на библиотечните  информации.

·      Има познавања за организирање и реализирање на дополнителни форми на работа во библиотеката (популаризација на книгата, доближување на книгата до најмладите итн.).

Вештинина учење

·      поседува вештини за учење.·      поседува свест за континуиран професионален развој.

·      има позитивен став кон иновации.

 

1.4. Правно – нормативна регулатива за конципирање и заснованост на  студиската програма 

Креирањето на студиската програма, детерминирањето на нивната суштина и потреба, општествената и стручна корисност и оправданост, целите и задачите недвосмислено произлегуваат од позитивните правни прописи на Република Македонија.

Студиската програма по Библиотекарство се заснова врз следната правно – нормативна регулатива (законски и подзаконски акти и документи):

  • Закон за високото образование (Сл. весник на Република Македонија, бр. 35, од 14. 3. 2008 година);
  • Закон за култура (Сл. весник на Република Македонија, бр. 66/03 – пречистен текст, 82/05, 24/07, 116/10, 51/11 и 136/12);
  • Закон за библиотеки (Сл. весник на Република Македонија, бр. 66/2004, 89/2008, 116/10, 51/11);
  • Статут на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, 2008 година;
  • Национална програма за развој на образованието во Република Македонија до 2015 година;
  • Национална стратегија за развој на културата на Македонија во периодот 2013 – 2017 година.

1.5. Вработливост, проодност кон повисок циклус на студии и мобилност

Студентите кои ќе дипломираат на  студиите по Bиблиотекарство ќе имаат широк спектар на можности за креативно вработување во националните и универзитетски библиотеки, во специјализираните, во јавните библиотеки, во училишните, високошколските, како и во други определени културно – образовни и информациски институции. Во националните и јавните библиотеки новите кадри ќе претставуваат идни креатори и реализатори на библиотечната политика, стратегија и библиотечeн развој и функционирање  во Република Македонија.

Со освојувањето на 240 кредити од првиот циклус студии се овозможува  проодност кон студии од втор циклус, кои ќе  се организираат и спроведуваат во следната академска  година. Исто така, се овозможува и запишување на  втор циклус студии на другите студиски програми на високо-образовните установи во Република Македонија и во други држави.

Меѓу студиските програми на Факултетот е овозможена висока мобилност преку еквиваленциите на предметите, а истата се зголемува со соодветен избор на предмети од Универзитетската листа на слободни изборни предмети. Во согласност со ЕКТС е овозможена и мобилност на студентите од студиските групи на Факултетот кон сродни студиски групи на Универзитеот и на други универзитети во државата и во странство.

1.6. Наставно – научен и соработнички кадар

Во реализацијата на наставата (на една или повеќе предметни програми) се вклучени наставно-научни работници и асистенти од соодветната научна област, што претставува основа за интердисциплинарен пристап во иницијалното образование на идниот библиотекар.

 

 

УПИСИ 2022/2023
Септември Сесија23
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________