Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

October 2020
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  
Огласна табла

Проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ

Проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ (родена во Скопје, 1971 г.), редовен професор по математика (од 2016 г.), работи на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје од неговото формирање. На Институтот по математика на Природно-математичкиот факултет при УКИМ, дипломирала во 1995 г., а магистрирала во 2001 г. Докторирала во полето на математиката на University of Florida, Gainesville, USA во 2005 г. (истата година рангиран на 57 место на Шангајската листа). Била раководителка на Институтот за одделенска настава (2012-2016). Акредитиран ментор е на докторските студии Образование на наставници за примарното образование. Објавила оригинални научноистражувачки трудови во референтни научни списанија со фактор на влијание (Fundamenta Mathematicae, Topology Proceedings, Croatian Journal of Education…) и во зборници од меѓународни научни конференции на академии на науките (Complex Analysis and Applications ’13, Sofia: Institute of Mathematics and Informatics, Bulgarian Academy of Sciences…). Учествувала на меѓународни научни конференции, а по покана на организаторите одржала пленарно предавање на 13th Nitra Mathematical Conference, Department of Mathematics, Constantine the Philosopher University, Nitra, Slovakia (2015) и на 3rd Dynamic Mathematics in Education Conference, IMI, Bulgarian Academy of Sciences (2015). Била раководителка на проектот Уверувањата на идните учители и воспитувачи за природата на знаењата, учењето и поучувањето мајчин јазик и математика, финансиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

УПИСИ 2020/2021
Септември Сесија20
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________