Проф. д-р Емиљ Сулејмани
Проф. д-р Емиљ Сулејмани е роден 1969 г. во Куманово. Дипломира на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Магистрира во 2004 г., а со научниот степен доктор по социолошки науки се стекнува во 2006 г. на Институтот за социолошко и политичко-правни истражувања во Скопје. Во периодот 1994-1996 г. работи во Министерството за информации, а од 1996-1998 г. во Министерството за култура. Од 1998 г. работи на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Во 2015 г. е избран за редовен професор по предмети од областа на социологијата. Од 2008-2012 г. е раководител на Институтот за предучилишно воспитание, од 2012-2016 г. е продекан за настава, а од 2016 г. е избран за декан на Факултетот. Покрај педагошката, се занимава и со научноистражувачка дејност. Има учествувано на голем број меѓународни конференции во Македонија и во странство (Загреб, Пореч, Истанбул, Едрене, Стара Загора, Тирана, Елбасан, Приштина, Белград, Несебар итн.). Во текот на долгогодишната дејност од областа на социологијата има објавено голем број научни трудови во релевантни меѓународни и домашни списанија. Бил учесник и раководител на неколку меѓународни и домашни научноистражувачки проекти. Има одржано семинари во соработка со USAID, ERI SEE (Education reform initiative of south Eastern Europe), USAID & Macedonian Civic Education Center и др. Има објавено три книги во областа на социологијата и религиските системи.