Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

October 2020
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  
Огласна табла

Проф. д-р Билјана Маленко

Проф. д-р Билјана Маленко е родена 1957 г. во Штип. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Магистерските студии ги завршува во 1991 г., а научниот степен доктор по филолошки науки го стекнува во 2002 г. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Во периодот од 1981 до 1983 г. работела како лектор по македонски јазик при Јагелонскиот универзитет во Краков, Р Полска. Од 1983 до 2002 г. работела во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, во Одделението за дијалектологија. Во овој период била на студиски престои во Краков, Прага и Братислава. Ја вршела и должноста секретар на Сојузот за македонски јазик и литература. Од 2003 г. е вработена на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Покрај педагошката работа, се занимава и со научноистражувачка дејност. Учествувала на повеќе конференции, собири и работилници во Македонија и во странство. Има објавено голем број трудови од областа на македонскиот јазик. Била раководител на студиската група Одделенска настава. Има објавено книга од областа на дијалектологијата и практикуми од областа на современиот македонски јазик

УПИСИ 2020/2021
Септември Сесија20
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________