Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

September 2020
M T W T F S S
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930  
Огласна табла

Проф. д-р Аида Ислам

Проф. д-р Аида Ислам е родена 1966 г. во Скопје. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на Одделот по пијано. Магистерските студии ги завршува во 2002 г., а со научниот степен доктор по музички науки се стекнува во 2005 г.  на ФМУ во Скопје. Во периодот 1987-2001 г. работи како професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Од 2001 г. е професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје за предметите од областа на музичката уметност. Покрај педагошката, Аида Ислам се занимава и со научноистражувачката дејност. Зема учество на голем број меѓународни конференции во Македонија и во странство (Лондон, Прага, Виена, Минхен, Ница, Бостон, Истанбул, Едрене, Стара Загора, Загреб итн.). Во текот на долгогодишната дејност во областа на музичката педагогија и теорија има објавено голем број научни трудови во релевантни меѓународни и домашни списанија. Била учесник и раководител и на неколку меѓународни проекти. Има одржано семинари во SOAS University of London, во Велика Британија, како и на Турскиот државен конзерваториум при Истанбулскиот универзитет. Има објавено шест книги во областа на музиката, од кои една во Германија

УПИСИ 2020/2021
Септември Сесија20
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________