Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

Информации

септември 2023
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
Огласна табла

Проф. д-р Розалина Попова-Коскарова

Проф. д-р Розалина Попова-Коскарова е родена 1966 г. во Кавадарци. Додипломски студии завршува на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за педагогија. Магистрира во 1993 г. на истиот Факултет, а во 2001 г. ја одбранила докторската дисертација со наслов: Теоретските проблеми во конципирањето на современото интелектуално воспитание и се стекнала со научниот степен доктор на педагошки науки. Во 1996 г. е избрана за асистент на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, по предметите Општа педагогија и Методика на воспитна работа. Во 2002 г. се стекнува со звањето доцент, во 2006 г. вонреден професор, во 2011 г. е избрана во звањето редовен професор за првпат, а во 2016 г. за редовен професор по вторпат. Учествувала со свои трудови на научни конгреси во  Србија, Бугарија, Хрватска, Турција, Унгарија и Словачка. Автор е на учебниците „Општа педагогија“ (2011), „Стратегии, техники и модели за успешно менаџирање во одделението и класот“ (2008) и „Комуникација во туризмот“ (2006). Учесник е и раководител на голем број домашни и меѓународни проекти. Остварила студиски престој во Шведска во 1999, 2002 и 2015 година. Назначена е за член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование од страна на Владата на РМ во август, 2017 г.

УПИСИ 2022/2023
Септември Сесија23
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________