Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

Информации

септември 2023
П В С Ч П С Н
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930  
Огласна табла

Erasmus+


erasmus+

Прочитај за Развој на писменоста и учење на јазикот за млади ученици во неповолна положба

 

 


Тим на професори од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје: проф. д-р Маја Рауник Кирков, проф. д-р Емилј Сулејмани, проф. д-р Билјана Камчевска, проф. д-р Лулзим Адеми, проф. д-р Весна Макашевска и проф. д-р Елизабета Бандиловска, учествуват во реализација на проектот „Развој на писменост и учење на јазик за млади ученици во неповолна ситуација“ во рамки на Еразмус+ К2 програмата финансирана од  Агенцијата за мобилност и ЕУ програми на Европската Унија. 
Учесници во проектот се и професори од Учителскиот факултет при Универзитетот во Загреб, Хрватска, Филолошкиот факултет при Универзитетот во Марибор, Словенија и ОУ „Иван Гундулиќ“ во Загреб, Хрватска. 
Заедничката работа резултираше со првиот интелектуален резултат „Збирка на примери на добри практики“ кој претставува истражување на различни добри искуства од досегашната пракса на учење на немајчин јазик во сите наведни држави. 
Во прилог го презентираме на македонски и англиски јазик.
 
Проектот продолжува со следните предвидени активности и ќе трае до 30.9.2020 г.  

И З В Е Ш Т А Ј

 

За учество во EMIS проектот „Equality, Mixity, Integration through Sport“, кофинансиран од Erasmus+ програмата на Европската Унија на

Педагошкиот факултет „Св.Климент Охродски“ – Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Почеток на проектот: 1.11.2015 год.

Крај на проектот: 31.10.2016 год.

Носител на проектот: University of Franche-Comte, France

Универзитети партиципиенти:

  1. Универзитет Лиеж, Белгија
  2. Национална спортна академија,Софија,Бугарија
  3. Универзитет Виго, Шпанија

4.Универзитет Атина, Грција

  1. Лимерик институт за технологија, Ирска
  2. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Македонија
  3. Универзитет Чарли – Прага, Чешка
  4. Универзитет Питести, Романија
  5. Универзитет Матеј Беј –Банска Бистрица, Словачка

10.Универзитет Манчестер Метрополитен, Велика Британија

  1. Универзитет Љубљана, Словенија

Основна цел на проектот е социјална инклузија, еднаквост, интеграција и борба против нееднаквоста преку спортот.

Реализација:

–  прв дел: февруари 2016 год. 2-ца наставници од П.Ф. учествуваа на подготвителен состанок во Безансон, Франција.

– втор дел: од 24-30.4.2016 год. во Безансон, Франција, студентите, професорите и истражувачите од 12-те земји учеснички земаа учество во неколку активности, како што се:

  • Спортски активности базирани на социјална инклузија и еднакви можностти,
  • Конференции и научни семинари за социјална инклузија низ спортот.

Во оваа фаза учествуваа 16 студенти и 4 професори од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

-трет дел: завршен исвештај, крај на октомври 2016 год.

Трошоци: сите трошоци се на товар на организаторот.

 

 

Скопје, мај 2016 год.

                                                     Координатор за Р.Македонија
Проф. д-р Марјан Малцев

УПИСИ 2022/2023
Септември Сесија23
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________