Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

October 2020
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  
Огласна табла

СООПШТЕНИЕ за педагошкиот стаж во летниот семестар на учебната 2015/16

 СООПШТЕНИЕ
за педагошкиот стаж во летниот семестар
на учебната 2015/2016 година, за студентите запишани
на овој Факултет во учебната 2010/2011 година 

  1.  Се утврдува дека педагошкиот стаж во летниот семестар од учебната 2015/2016 година, за редовните и вонредните студенти, кои се запишале на овој Факултет во учебната 2010/2011 година, и имаат запишано летен (осми) семестар во учебната 2015/2016 година, ќе се реализира во периодот од 4.04 до 18.04.2016 година, согласно распоредот кој ќе се истакне дополнително, по завршувањето на пријавувањето на стажот.
  2.  Пријавувањето за стажот ќе се врши од 16.03 до 23.03.2016 година, со поднесување на пријава во медијатеката, кај Наталија Јошева (просторија број 217).
  3.  Педагошкиот стаж ќе се реализира согласно усвоеното Упатство за изведување на практична настава на студенти-идни наставници,воспитувачи и педагози, под менторство на професорите од овој Факултет, и соодветен ментор од установата каде стажот ќе се реализира.
  4. Податоците за начинот на реализација и обврските и правата кои произлегуваат од Упатството, студентите ќе ги добијат од менторот одреден од редот на професорите на овој Факултет.
  5. Сите студенти задолжително од фотокопирницата на Факултетот, треба да подигнат ПРОТОКОЛИ ЗА УПАТСТВО НА ПЕДАГОШКИОТ СТАЖ, и истите да ги пополнат во периодот одреден за реализирањето на стажот. Пополнететите протоколи се заверуваат во училиштето/градинката, и се потпишуваат од менторот (воспитувач/наставник). По завршувањето на стажот задолжително на ПОТВРДАТА ОД ПРОТОКОЛИТЕ ЗА УПАТСТВО НА ПЕДАГОШКИОТ СТАЖ покрај менторот кој ќе Ви биде одреден од овој Факултет, се потпишува и продеканот за настава проф. д-р Емиљ Сулејмани.

НАПОМЕНА:Вонредните студенти и студентите кои студираат по Проектот 35/45, педагошкиот стаж ќе можат да го реализираат во (училиште-градинка), во местото каде што живеат, но како и за редовните студенти така и за вонредните студенти и студентите кои студираат по Проектот 35/45, важат истите правила, со тоа што покрај пријавувањето и пополнувањето на пријавата за стажот во просторија 217, задолжително треба да ја подигнат и потврдата која треба да ја достават во (училиште-градинка),односно таму каде ќе го реализираат педагошкиот стаж, во која ќе им биде уредно пополнета и заверена од соодветната Установа.

Скопје, 3.03.2016 година                                                                                       Продекан за настава

Проф. д-р Емиљ Сулејмани

 

ПЕДАГОШКИ СТАЖ
ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2015/2016

  1. Студентите кои го обновија статусот студент и ги продолжија студиите на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, како студенти на соодветната четиригодишна студиска програма од прв циклус академски студии можат да го реализираат ПЕДАГОШКИОТ СТАЖ согласно Одлуката за режимот на студирање.
  1. Реализирањето на ПЕДАГОШКИОТ СТАЖ студентот може да го изврши до крајот на своето студирање, односно пред одбраната на дипломската работа и тоа во траење од 5 работни дена.

Стажот може да се релизира во градинка или училиште согласно предметната програма, и тоа по избор на студентот.

  1. 3. По истекот на 5-те работни дена студентот е должен да достави Потврда до Службата за студентски прашања, изготвена од страна на Факултетот, а потпишана од менторите и Директорот на училиштето, односно градинката каде стажот е реализиран. Истата ќе биде составен дел од досието на студентот и доказ за реализираниот педагошки стаж.
  1. Сите заинтересирани студенти можат да ја подигнат Пријавата за стаж кај референтите на студентски прашања.

 

Скопје, 3.03.2016                                                                                         Продекан за настава

Проф. д-р Емиљ Сулејмани

 

УПИСИ 2020/2021
Септември Сесија20
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________