Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

October 2020
M T W T F S S
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  
Огласна табла

КОНКУРС ЗА ПЕДАГОШКА ДОКВАЛИФИКАЦИЈА-ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2015-2016

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно добиеното Решение за акредитација, како и Решението за утврдување на висината на трошоците, донесени од Министерот за образование и наука, распишува

К  О  Н  К  У  Р  С
За запишување на кандидати на студиската програма за
стекнување на педагошко-психолошка и методска подоготовка
 – ПЕДАГОШКА ДОКВАЛИФИКАЦИЈА,
во летниот семестар на  учебната 2015/2016 година

 

  1. На Конкурсот можат да се запишат кандидати кои завршиле соодветни академски студии од прв циклус или додипломски студии на ненаставнички факултети, односно студии (студиски програми) кои немаат наставна насока.
  2. Со запишувањето кандидатот се стекнува со статус на кандидат за добивање на педагошко-психолошка и методска подготовка – педагошка доквалификација, која претставува задолжителна форма на сите стручни профили кои завршиле ненаставнички факултет, а се подготвуваат за воспитно-образовна работа во основните и средните училишта.
  3. Запишаните кандидати студираат еден семестар, на македонски, албански или турски наставен јазик, согласно Правилникот за начинот и условите за студирање на студиската програма за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка – педагошка доквалификација, објавен на ВЕБ страната и огласнта табла на Факултетот.
  4. Висината на надоместокот изнесува 250 евра.
  5. Пријавувањето ќе се врши во периодот од 1 до 15 февруари 2016 година во просторија број 103, на првиот кат на Факултетот, од 9 до 14 ч.

При пријавувањето, кандидатите доставуваат:

-Пријавен лист, со таксена марка од 50,оо ден

-Уверение за соодветно завршен факултет *

-Извод од Матичната книга на родените *

-Уверение или Решение за Државјанство на РМ * и

-Уплатница на уплатени 250 евра, во денарска противвредност, според средниот курс на НБ на РМ, на жиро сметка  на Факултетот.

* Документи се поднесуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар.

 

                                           Педагошки факултет

                                            „Св. Климент Охридски“

                                        – Скопје

 

УПИСИ 2020/2021
Септември Сесија20
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________