Skip to content

• • • ← →

Универзитет „Св. Кирил и Методиј “ - Скопје Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје

Студентски живот

Информации од јавен интерес

Онлајн платформа

Важни информации

Актуелно

Клучни информации за уписи и меѓународна студентска мобилност.

Меѓународна мобилност

ERASMUS+ МОБИЛНОСТ 2026/2027

Конкурс за студентска мобилност за студирање и пракса/стажирање во летниот семестар.

Студирање: до 2 октомври 2026Пракса/стажирање: до 30 октомври 2026
Актуелно · Настани

Учество на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје на Мета-кариера саемот на факултети и универзитети

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје учествуваше на Мета-кариера саемот на факултети и универзитети кој на 21 октомври 2026 г. се одржа во Скопје, во просториите на Приватното средно училиште „Јахја Кемал“, а на 22 октомври 2026 г. се одржа во Приштина, Република Косово, во Трговскиот центар „Приштина мол“. На двата настани, нашиот факултет ги претстави своите академски програми пред заинтересирани ученици од приватни и од јавни средни училишта, како и пред родители, образовни работници и кариерни советници. Професори и студенти од нашиот факултет одговараа на многуте прашања поставени од заинтересираните средношколци за сето она што го нуди Педагошкиот факултет, за профилот на кадар што се подготвува, за условите за студирање, за можноста за вработување и за многу други прашања.

Актуелно · Настани

Предавање „Суфизмот на Балканот и во Македонија“

Во рамките на проектот „Предавања за турско-исламската историја од појавувањето на Турците на историската сцена до денес“, во просториите на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ пред студенти, професори и ученици проф. д-р Садула Ѓултен, редовен професор на Универзитетот „Хаџи Бајрам Вели“ во Анкара отсек за Историја, одржа предавање на тема „Суфизмот на Балканот и во Македонија“, во кое беа разгледани трагите на суфизмот на Балканот и во Македонија, придонесот на духовните дејци и суфиската традиција во османлискиот период.

Актуелно · Настани

Меѓународна конференција Јазиците и општествените науки во контакт: Вештачката интелигенција (ВИ), Нови Сад, 3 Октомври 2026 год.

На 3 октомври 2026 г. во просториите на Философскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад се одржа меѓународната конференција Јазиците и општествените науки во контакт: Вештачката интелигенција (ВИ), на која професорите од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје проф. д-р Јасмина Јовановска, проф. д-р Елизабета Бандиловска и проф. д-р Љуљзим Адеми го презентираа својот труд Artificial Intelligence and Individual Learning of the Mother Tongue (Вештачката интелигенција и индивидуалното учење на мајчиниот јазик).

Актуелно · Настани

Изложбата на слики „ПОВРЗАНИ ПРЕКУ УМЕТНОСТА“ („CONNECTED BY ART“)

Од 2 до 4 октомври, во Културниот центар „Михај Еминеску“, галеријата Calderon Art Studio Gallery, во рамките на Белата ноќ на галериите – NAG! ја организира изложбата на слики „ПОВРЗАНИ ПРЕКУ УМЕТНОСТА“ („CONNECTED BY ART“), која обединува дела потпишани од уметници од Романија и Северна Македонија: беше преставен со свои уметнички дела проф. д-р Бурхан Ахмети, редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, како и уметниците Вали Ирина Чобану, Јулија Гагаи Берат Зулбехари.

Актуелно · Настани

Прв академски час на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје

На 1 Октомври 2026 г. по завршување на првиот академски час на платото кај споменикот на светите Кирил и Методиј, ново запишаните студенти го одржаа и Првиот академски час со кој Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје го одбележи почнувањето на новата академска година и ќе им посака добредојде на новата генерација студенти.

Актуелно · Настани

XVII Балкански Конгрес: EDUCATION FOR SUSTAINABLE GROWTH: HUMANS, TECHNOLOGY AND ETHICS

Во периодот од 24 до 26 септември 2026 година, група професори од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје, активно учествуваше на XVII Балкански Конгрес: EDUCATION FOR SUSTAINABLE GROWTH: HUMANS, TECHNOLOGY AND ETHICS кој се одржа во Сончев Брег, Република Бугарија. На Конгресот беа презентирани научни трудови од соодветните области, кои предизвикаа интерес и конструктивна дискусија кај присутните. Учеството на Конгресот овозможи успешна презентација на резултатите од актуелните истражувања, размена на искуства со колегите од академските кругови од странство, како и отвори можности за идни меѓународни научни соработки.

Меѓународна соработка

Завршна конференција на проектот СУДЕКУ

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје остварува значајна меѓународна соработка со врвни едукациски институции од Швајцарија. Студентите и професорите од Циришкиот универзитет за образование на наставници, Одделот: Интернационални проекти во образованието остварија средба со студенти, професори и Деканот на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“. На ова средба се дебатираше и се анализираа образовните системи на двете земји.

Средбата беше посветена и на заедничката реализација на завршната конференција на проектот СУДЕКУ кој се реализираше во соработка на двете академски институции и на НГО Такт од Скопје. На ова конференција се презентираше процесот на имплементација на резултатите од неформалното учење помеѓу врсници и стекнување на компетенции за демократска култура дефинирани од Советот на Европа како и целите на одржлив развој од агендата на Обединети нации 2030.

Конференцијата ја потврди долгогодишната соработка и отвори можности за реализација на заеднички современи научни и едукациски модели во иднина.

Огласна табла

Најнови известувања, конкурси, документи и информации за студентите.

Почетна
Почетна
За нашиот факултет

Денес Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ е еди­ни­­ца во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, и е модерна наставно-научна институција која ги следи современите достигнувања во научните дисциплини и методиките кои се реле­вантни за формирање на воспитувачкиот и наставничкиот кадар за потребите на предучилишното воспитание и одделенската настава во основното образование во Република Северна Македонија.

KOГА ОБРАЗОВАНИЕТО Е НАЈВАЖНО!

Креирајте ја вашата иднина на нашиот факултет

Зошто да го изберете нашиот факултет?

  • Затоа што нашите дипломи се МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАЕНИ;
  • Ви ги нудиме најинтересните, најблагородните и највозбудливите професии со кои ќе имате прилика вистински да го водите светот во 21 век;
  • Сите студиски програми се во согласност со Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), траат 4 години односно 8 семестри во кои студентите треба да стекнат 240 кредити.

Педагошка доквалификација

Решенија за акредитација

Ⅰ

циклус студии

Ⅰ Ⅰ

циклус студии

Ⅰ Ⅰ Ⅰ

циклус студии

Искуства

Искуства од Нашите студенти