Денес Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ е единица во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, и е модерна наставно-научна институција која ги следи современите достигнувања во научните дисциплини и методиките кои се релевантни за формирање на воспитувачкиот и наставничкиот кадар за потребите на предучилишното воспитание и одделенската настава во основното образование во Република Северна Македонија.
KOГА ОБРАЗОВАНИЕТО Е НАЈВАЖНО!
Креирајте ја вашата иднина на нашиот факултет
Зошто да го изберете нашиот факултет?
- Затоа што нашите дипломи се МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАЕНИ;
- Ви ги нудиме најинтересните, најблагородните и највозбудливите професии со кои ќе имате прилика вистински да го водите светот во 21 век;
- Сите студиски програми се во согласност со Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС), траат 4 години односно 8 семестри во кои студентите треба да стекнат 240 кредити.