Информатори


————————————————-


————————————————–


Настани
  • No Events
Категории
  • Без категории
декември 2017
П В С T П С С
« Ное    
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031
Огласна табла

Педагошки стаж

 ПЕДАГОШКИ СТАЖ
ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2017/2018
ЗА СТУДЕНТИ КОИ ГО ОБНОВИЛЕ СТАТУСОТ СТУДЕНТ 

1. Студентите кои го обновија статусот студент и ги продолжија студиите на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, како студенти на соодветната четиригодишна студиска програма од прв циклус академски студии можат да го реализираат ПЕДАГОШКИОТ СТАЖ согласно Одлуката бр. 02-1022/13 од 23.12.2013 година.

2. Реализирањето на ПЕДАГОШКИОТ СТАЖ студентот може да го изврши до крајот на своето студирање, односно пред одбраната на дипломската работа и тоа во траење од 5 работни дена.

Стажот може да се релизира во градинка или училиште согласно предметната програма, и тоа по избор на студентот.

3. По истекот на 5-те работни дена студентот е должен да достави Потврда до Службата за студентски прашања, изготвена од страна на Факултетот, а потпишана од менторите и Директорот на училиштето, односно градинката каде стажот е реализиран. Истата ќе биде составен дел од досието на студентот и доказ за реализираниот педагошки стаж.

4. Сите заинтересирани студенти кои го обновиле статусот студент, и имаат запишано и заверена четврта година во учебната 2017/2018 година, можат да ја подигнат Пријавата за стаж во Медијатека кај Наталија Јошева во периодот од 17.10.2017 година до 31.10.2017 година. 

Скопје,16.10.2017

                                                                                   Продекан за настава

Проф. д-р Весна Макашевска

 

 

 

ПЕДАГОШКИ СТАЖ ЗИМСКИ СЕМЕСТАР 2017/2018
ЗА РЕДОВНИ, ВОНРЕДНИ СТУДЕНТИ И
СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПО ПРОЕКТ 30/35 И 40/45
ПОЧНУВАЈЌИ ОД УЧЕБНАТА 2010/2011 ГОДИНА

  1. Редовните, вонредните и студентите запишани по проект 30/35 и 40/45, почнувајќи од учебната 2010/2011 година, Педагошкиот стаж – ќе можат да го одржат во училиште или градинка по свој избор, со Потврда која претходно задолжително треба да ја подигнат од Медијатека кај Наталија Јошева во периодот од 17.10.2017 година до 31.10.2017 година.
  2. Редовните, вонредните и студентите запишани по проект 30/35 и 40/45, кои го пријавија Педагошкиот стаж во периодот од 17.10.2017 година до 31.10.2017 година, истиот ќе треба да го реализираат до крајот на месец ноември 2017 година, во времетраење од 12 работни дена.
  3. За студентите на македонски наставен јазик за студиските групи одделенска настава и предучилишно воспитание одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде проф. д-р Елизабета Бандиловска.
  4. За студентите на албански наставен јазик за студиските групи одделенска настава и предучилишно воспитание одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде проф. д-р Љуљзим Адеми.
  5. За студентите на турски наставен јазик за студиските групи одделенска настава и предучилишно воспитание одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде проф. д-р Аида Ислам.
  6. По заверката на Педагошкиот стаж кај одговорниот професор-ментор, студентите потребните документи ги доставуваат во Службата за студентски прашања.

НАПОМЕНА: Потребните документи, односно протоколите за реализација на Педагошкиот стаж студентите ќе можат да ги подигнат од фотокопирницата која се наоѓа во Факултетот.

Скопје,16.10.2017

                                                                                      Продекан за настава

Проф. д-р Весна Макашевска

Корисни линкови

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________