Прв циклус студии
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

септември 2018
П В С T П С С
« Авг    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Огласна табла

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно добиеното Решение за акредитација, како и Решението за утврдување на висината на трошоците, донесени од Министерот за образование и наука, распишува

 

К  О  Н  К  У  Р  С

За запишување на кандидати на студиската програма за
стекнување на педагошко-психолошка и методска подоготовка

 – ПЕДАГОШКА ДОКВАЛИФИКАЦИЈА,
во зимскиот семестар на  учебната 2018/2019 година 

  1. На Конкурсот можат да се запишат кандидати кои завршиле соодветни академски студии од прв циклус или додипломски студии на ненаставнички факултети, односно студии (студиски програми) кои немаат наставна насока.
  2. Со запишувањето кандидатот се стекнува со статус на кандидат за добивање на педагошко-психолошка и методска подготовка – педагошка доквалификација, која претставува задолжителна форма на сите стручни профили кои завршиле ненаставнички факултет, а се подготвуваат за воспитно-образовна работа во основните и средните училишта.
  3. Запишаните кандидати студираат еден семестар, на македонски, албански или турски наставен јазик, согласно Правилникот за начинот и условите за студирање на студиската програма за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка – педагошка доквалификација, објавен на ВЕБ страната и огласнта табла на Факултетот.
  4. Висината на надоместокот изнесува 250 евра.
  5. Пријавувањето ќе се врши во периодот од 17 септември до 2 октомври 2018 година во просторија број 103, на првиот кат на Факултетот, од 9 до 14 ч.

При пријавувањето, кандидатите доставуваат:

-Пријавен лист, со таксена марка од 50,оо ден

-Уверение за соодветно завршен факултет *

-Извод од Матичната книга на родените *

-Уверение или Решение за Државјанство на РМ * и

-Уплатница на уплатени 250 евра, во денарска противвредност, според средниот курс на НБ на РМ, на жиро сметка  на Факултетот.

* Документи се поднесуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар.

 

                                           Педагошки факултет
                                            „Св. Климент Охридски“
                                   – Скопје

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКА И МЕТОДСКА ПОДГОТОВКА – ПЕДАГОШКА ДОКВАЛИФИКАЦИЈА- ЗА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА           2018-2018 ГОДИНА, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 17 СЕПТЕМВРИ ДО 2 ОКТОМВРИ 2018 ГОДИНА.

ПРИ ПРИЈАВУВАЊЕТО КАНДИДАТИТЕ ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ:

-ПРИЈАВЕН ЛИСТ, СО ТАКСЕНА МАРКА ОД 50,ОО ДЕН *

-УВЕРЕНИЕ ЗА СООДВЕТНО ЗАВРШЕН ФАКУЛТЕТ *

-ИЗВОД ОД МАТИЧНАТА КНИГА НА РОДЕНИТЕ *

-УВЕРЕНИЕ ИЛИ РЕШЕНИЕ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО НА РМ * И

-УПЛАТНИЦА НА УПЛАТЕНИ 250 ЕВРА, ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ, СПОРЕД СРЕДНИОТ КУРС НА НБ НА РМ, НА ЖИРО СМЕТКА  НА ФАКУЛТЕТОТ.

* ДОКУМЕНТИ СЕ ПОДНЕСУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ ФОТОКОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.

 

Скопје, 10.09.2018

           Продекан за настава
Проф. д-р Весна Макашевска

Во прилог превземето го Правилникот

______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________