Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

јануари 2020
П В С Ч П С Н
« Дек    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
Огласна табла

Доц. д-р Хулија Скука

Доц. д-р Хулија Скука е родена 1970 г. во Скопје. Основно училиште завршила во Истанбул, а средно во Скопје. Дипломира на Филолошкиот факултет при УКИМ, на Катедрата за турски јазик и книжевност. Во 2002 г. магистрира во областа на турскиот јазик и книжевноста на Истанбулскиот универзитет, а во 2011 г. докторира во истата област на Филолошкиот факултет при УКИМ. Професионалната кариера ја започнува во 1991 г. како новинар во весникот на турски јазик „Бирлик“, во Скопје. Во периодот 1993 – 1995 г. работи како помлад асистент на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет. Од 1997 г. работи на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, најпрвин како асистент, а потоа и како професор за турски јазик и книжевност на групите Одделенска настава и Предучилишно воспитание. Во периодот 2012-2016 г. предава на Универзитетот во Измир, Турција. Објавила повеќе научни трудови во национални и меѓународни списанија и зборници. Учествувала на повеќе научни конференции и собири во Македонија и во странство (Истанбул, Едрене, Малме, Загреб, Сараево, Благоевград и др.). Активно била вклучена во неколку национални и меѓународни научни проекти (Темпус, Еразмус КА2 и др.) и била член на национални комисии (Комисија за стручен испит за одделенски наставници на турски наставен јазик).

УПИСИ 2019/20
Септември сесија19
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________