Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

јануари 2020
П В С Ч П С Н
« Дек    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
Огласна табла

Проф. д-р Методи Главче

Проф. д-р Методи Главче е роден 1968 г. во Р Албанија. Дипломира на Природно-математичкиот факултет во Тирана. Магистерските студии ги завршува во 2005 г. на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнува со звањето магистер на математички науки. Со научниот степен доктор по педагогија од областа на методиките се стекнува во 2013 г. на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. Во пероидот 1995-1997 г. работи како професор по математика во гимназија во Корча, Албанија. Од 1998-2003 г. работи како помлад асистент на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча. Во периодот 2006-2007 г. работи како соработник за средно образование при Одделението за образование на Град Скопје. Од 2007-2009 г. работи како асистент на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Од 2013 г. е доцент на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје за предметите: Методика на настава по математика и Методика на воспитно-образовна работа по математика. Покрај педагошката, се занимава и со научноистражувачка дејност. Учествува на голем број меѓународни конференции во Македонија и странство. Има објавено голем број научни трудови во релевантни меѓународни и домашни списанија. Автор е на осум книги од областа на методиката на наставата по математика и на математичкото образование.

 

УПИСИ 2019/20
Септември сесија19
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________