Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

јануари 2020
П В С Ч П С Н
« Дек    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
Огласна табла

Проф. д-р Владимир Талевски

Проф. д-р Владимир Талевски е роден 1956 г. во Битола. Во 1981 г. дипломирал на ФМУ во Скопје, на Отсекот за музичка теорија и педагогија. Магистерските студии од областа на музичката педагогија – методика на музичката настава, ги завршува во 2006 г. Докторира во 2010 г. на ФМУ во Скопје. Од 1981 до 2006 г. работи во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје како клавирски корепетитор во Балетскиот оддел, а потоа како професор по предметите Теорија на музиката и Хармонија. Од 2006 г. работи на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје и предава предмети од областа на музичката уметност. Од 1981-1988 г. работи како помошен диригент и корепетитор со женскиот младински хор и детскиот хор „Развигорче“, при домот на младите „25 Мај“ – Скопје. Учествувал во голем број проекти и наставни програми од областа на музичкото образование. Автор е на повеќе учебни помагала и учебници од областа на стручните музички предмети за средно музичко образование (музичка теорија и хармонија). Има објавено универзитетски учебници: „Основи на музичката теорија“, „Методика на музичкото образование за одделенска и предучилишна група“ и др. Бил учесник во државни и меѓународни проекти. Има објавено голем број трудови во различни научни списанија, а  учествувал и на голем број домашни и меѓународни конференции во Хрватска, Србија, Бугарија, Грција, Холандија, Албанија итн.

УПИСИ 2019/20
Септември сесија19
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________