Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

јануари 2020
П В С Ч П С Н
« Дек    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
Огласна табла

Проф. д-р Бујар Саити

Проф. д-р Бујар Саити е роден 1973 г. во Скопје. Дипломира во 1998 г. на Факултетот за физичка култура во Скопје. Магистерските студии ги завршува во 2003 г., а со научниот степен доктор по кинезиологија се стекнува во 2007 г. на Факултетот за физичка култура во Скопје. Во периодот 1996-2007 г. работи како професионален спортски рекреатор и аниматор во летниот хотелски туризам во странство. Во 2000 г. е ангажиран како демонстратор, а од 2007 г. како професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје за предметите од областа на физичкото образование со методика. Член е на Деканатската управа во периодот 2012-2016 г. и 2016-2020 г. како продекан за финансии. Покрај педагошката, тој се занимава и со научноистражувачка дејност. Во текот на долгогодишната работа во областа на физичкото образование и воспитание, како и во туризмот, има презентирано и објавено голем број научни трудови во релевантни меѓународни и домашни списанија.  Има учествувано на голем број меѓународни конференции во Македонија и во странство (Хеиделберг, Едрене, Стара Загора, Белград, Загреб, Лерин итн.). Бил учесник, модератор, фацилитатор и реализатор на бројни проекти и активности организирани од ОБСЕ, УСАИД, МЦГО итн. од областа на меѓуетничката интеграција, училишната екологија, училишната медијација итн. Коавтор е на учебникот Bazat e edukimit fizik me metodike.

УПИСИ 2019/20
Септември сесија19
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________