Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

јануари 2020
П В С Ч П С Н
« Дек    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
Огласна табла

Проф. д-р Весна Макашевска

Проф. д-р Весна Макашевска е родена 1970 година во Скопје. Во 1993 г. дипломира на Филозофскиот факултет, на Институтот за педагогија. Магистрира во 2002 г., а во 2007 г. го стекнува научниот степен доктор по педагошки науки. Своето работно искуство го започнала како одделенски наставник во ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“, а во 1998 г. започнала да работи на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје како помлад асистент во областа методика на математичкото образование. Во 2007 г. е избрана за доцент, во 2012 г. за вонреден професор, а во 2016 г. е избрана во звањето редовен професор. Продекан за настава е во периодот 2016-2020 г. Автор е на повеќе научноистражувачки трудови објавени во домашни и меѓународни научни списанија и зборници. Трудовите се од областа на почетното математичко образование и се однесуваат на методичките коцепти во наставата по математика, различните стратегии на учење и поучување и сл. Учествувала на повеќе научни собири и конференции од меѓународен карактер во Македонија и во странство. Има објавено повеќе стручни трудови, учебници и учебни помагала по математика за основното образование и прирачници за деца од предучилишна возраст. Има учествувано во разни проекти од меѓународен карактер во организација на УСАИД, ТЕМПУС и др., како и во повеќе научноистражувачки проекти на Факултетот.

УПИСИ 2019/20
Септември сесија19
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________