Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

јануари 2020
П В С Ч П С Н
« Дек    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
Огласна табла

Проф. д-р Татјана Котева-Мојсовска

Проф. д-р Татјана Котева-Мојсовска е родена 1961 г. во Скопје. Дипломира и магистрира на Филозофскиот факултет – Институт за педагогија, при УКИМ во Скопје, каде што во 2005 г. се стекнува со научниот степен доктор по педагошки науки. Носител е на звањето Особено истакнат педагошки работник стекнато на државно ниво во 1994 г. Кариерниот развој го започнува во предучилишна институција. Во 1997 г. се вработува на Педагoшкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје каде што, поминувајќи ги сите наставно-научни звања, денес е редовен професор за предмети од областа на педагогијата. Од 2009-2016 г. е продекан за наука на истиот факултет. Има остварено студиски престои и посети во странство (Велика Британија, Унгарија, Белгија,  Холандија). Учествува и раководи со неколку национални и меѓународни научни проекти. Учествувала и како супервизор во меѓународен проект за развој на квалитетно родителство (United Nations Office on Drug and Crime) во 2013 г. Учествувала на повеќе конференции и научни собири во Македонија и во странство (Кестхеј,  Бриж, Пореч, Едрене, Стара Загора,  Белград, Тузла и др.). Има објавено повеќе научни трудови во  релевантни домашни и меѓународни списанија и зборници. Автор е на четири научни монографии, учебници, збирка на инструменти за истражување. Учествува и во изработка на национални програми, стратегии и прирачници, како и во национални комисии (Комисија за лиценцирање стручни лица во градинките).

УПИСИ 2019/20
Септември сесија19
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________