Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

јануари 2020
П В С Ч П С Н
« Дек    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
Огласна табла

Проф. д-р Сузана Никодиновска-Банчотовска

Проф. д-р Сузана Никодиновска-Банчотовска е родена 1966 г. во Скопје. Дипломирала и магистрирала на Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Научниот степен доктор по педагошки науки го стекнува, исто така, на Институтот за педагогија. Својот професионален развој го започнува во предучилишниот воспитно-образовен систем. На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје работи од 1996 г. и сега е редовен професор. Ги предава  предметите: Дидактика, Педагогија на слободното време, Следење на напредувањето на децата/учениците (на прв циклус студии) и Дидактички одредби на курикулумот, Професионален развој на одделенскиот наставник/воспитувачот и Дизајн и евалуација на дидактички средства (на втор циклус студии). Остварила студиски престои и посети во Велика Британија, Холандија, Белгија, Шведска и др. Учествувала во повеќе национални и меѓународни проекти како главен истражувач или член. Учествувала на национални и меѓународни собири, конференции и конгреси (Бриж, Амстердам, Едрене, Пореч, Стара Загора, Белград, Сомбор, Тузла, Охрид и др.). Учествувала во организацијата и реализацијата на работилници и обуки од областа на образованието. Објавила околу 70 оригинални научни трудови во научни национални и меѓународни списанија и списанија со импакт-фактор, како и во зборници од национални и меѓународни научни конференции. Автор е на пет научни монографии и книги.

УПИСИ 2019/20
Септември сесија19
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________