Настани
  • No Events
Категории
  • Без категории
јуни 2017
П В С T П С С
« Мај    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  
Огласна табла

Одделенска настава,

 

Одделенска настава

За студиската програма

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје е институција со 70-годишна традиција во формирањето на наставнички кадар во Република Македонија, од нејзините зачетоци во далечната 1947 година, кога е формирана Вишата педагошка школа во Скопје, па сè до денес кога функционира како Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“, единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и како високообразовна институција низ која се профилираше најголем број од наставниот кадар кој го градеше образованието во Република Македонија, притоа минувајќи низ сите промени кои ги налагаше времето и со кои тие успешно се носеа. Овој тренд, секогаш да се биде во чекор со промените во образованието, е водилка на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, па оттука и досега реализираните пет промени на студиската програма преку кои се трудиме постојано да ги иновираме и да ги развиваме студиските програми со цел да постигнеме нивна поголема флексибилност и адаптибилност со современите глобални движења во рамките на европското образование, во согласност со принципите на Болоњската декларација.

Студиската програма за прв циклус студии на Одделенска настава, која ви ја претставуваме, е во согласност со Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС) и трае 4 години, односно 8 семестри во кои студентите треба да стекнат 240 кредити, по 30 кредити во секој семестар од студирањето.

Студиската програма за прв циклус студии на Одделенска настава содржи 60% задолжителни предмети и 30% изборни предмети во рамките на Факултетот, додека 10% се слободни изборни предмети кои студентите може да ги избираат од универзитетската листа. Поточно, во текот на студирањето се слушаат и се полагаат 47 предмети, од кои 32 задолжителни предмети (во наставата на албански и на турски наставен јазик се 34) и 15 изборни предмети од понудените 39 во рамките на студиската програма по Одделенска настава, како и 5 предмети од слободната листа на изборни предмети од УКИМ.

Наставата на оваа студиска програма се изведува на македонски, на албански и на турски наставен јазик.

Наставната програма која се следи во текот на студирањето се реализира на современ начин при што се вклучени најновите сознанија од сите научни подрачја кои се предмет на изучување во рамките на Институтот за одделенска настава. Професорите и соработниците во текот на наставата употребуваат разни методи и форми на учење, како што се: интерактивни предавања, учење по пат на решавање проблеми, практични вежби, индивидуална работа, групна работа, консултации и други современи форми. За поуспешно реализирање на сите овие форми на настава, се трудиме постојано да ги подобруваме условите за работа, а тука влегуваат: модерни амфитеатри, предавални и кабинети, две целосно опремени информатички лаборатории, медијатеката, библиотеката со богат фонд на домашна и странска литература, слободен wi-fi интернет за сите студенти и сл. Наша цел е и во иднина постојано да обезбедуваме модерни дадактичко-методички средства, како и да набавуваме современа опрема која ќе биде ставана на располагање на нашите студенти за што подобро усвојување на потребните наставни содржини, како и нивна употреба во наставниот процес.

На практичното оспособување на студентите од оваа студиска програма му е посветено посебно внимание. Наша основна задача е да продуцираме подготвен и компетентен учител кој е спремен за успешно вклучување во воспитно-образовниот процес во училиштето, но и во другите воспитно-образовни институции. Па затоа, во оваа студиска програма предвидовме три задолжителни форми на практично оспособување:

  • Педагошка практика 1, 2, 3
  • Хоспитации (дидактичко-методички)
  • Педагошки стаж (се реализира во текот на 8 семестар)

Ова практично оспособување на студентите се реализира во голем број училишта партнери со кои имаме склучено договори и во нив целосно ни стојат на располагање искусни ментори кои им ги пренесуваат тајните на оваа професија на идните учители. Постојано сме во контакт со училишта кои се потенцијални партнери за реализирање на една од формите за практично оспособување со цел да ја прошириме мрежата и во другите градови од Републиката од каде што доаѓаат нашите студенти. Освен училиштата, наши партнери во оваа племенита мисија се и: Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, други надлежни институции, невладиниот сектор и др. Преку разни проекти и обуки се обидуваме да ги вклучиме и нашите студенти со цел да бидат во тек со сите новини кои се спроведуваат во оваа област, но истовремено и да стекнат знаења кои не се предвидени во студиската програма, а кои ќе им помогнат во креирањето на сопствениот профил на покомпетентен иден наставник за одделенска настава. Од голем дел на овие проекти и обуки, вклучените студенти добиваат соодветни сертификати.

Режимот на студии е регулиран со Одлука за условите, критериумите и правилата на студирање за прв циклус студии на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, која во скратен облик е дадена во Информаторот за одделенска настава како Упатство за студирање.

Почитувани студенти, идни академски граѓани! Избирајќи да студирате на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје и на студиската програма по Одделенска настава, вие избирате една племенита професија да работите со учениците во првиот и најважен циклус од нивното повеќегодишно образование. Пренесувајќи им ги вашето знаење и искуство, учејќи ги на сите морални вредности и принципи, вие ги имате одговорноста кон заедницата и задачата доверена од општеството од вашите ученици да направите паметни и чесни луѓе кои секогаш ќе се потпираат на сопственото знаење, ќе тежнеат кон продлабочување на стекнатите знаења, кон откривање нови видици во светот на науката, техниката, уметноста. Можеби ќе откриете нов Ајнштајн, Достоевски или Ван Гог, всушност, да, така и треба да биде. Да ги мотивирате учениците, да ги поттикнувате постојано да учат, да сознаваат, да истражуваат, да бидат свои, креативни и оригинални градители на своето добро и за доброто на општеството. Да ги насочите кон вистинските вредности во животот, кон вистинскиот пат на успехот. Искористете го сиот потенцијал и сите можности што ви ги нудат Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, студиската програма по Одделенска настава, нашиот наставнички и соработнички кадар.

проф. д-р Љуљзим Адеми

раководител на Институтот за одделенска настава

 

  1. ОПИС НА ОБРАЗОВНИОТ ПРОФИЛ
    • Стручен назив

По одбраната на дипломската работа кандидатот се здобива со звањето дипломиран професор по одделенска настава.

  • Општи дескриптори на квалификациите

 

Знаења и разбирање –     Покажува знаења и разбирања на социјалната и културната димензија на
воспитно-образовната/културно-образовната установа.-
Познава, разбира и разликува воспитно-образовни и функционални цели во реализирање на дејноста
на воспитно-образовната/културно-образовната установа.
Применана знаењетои разбирањето –     Оспособен е за академско читање и пишување, умее да ги применува нормите на правописот и правоговорот,
умее да ја применувафункцио­налната јазична писменост, ги препознава различните јазични стилови и е
носител на јазичната норма на сите јазични рамништа.-     Поседува базична математичка писменост
(на различни нивоа на умеш­ност за различни компоненти на математичката писменост, дефи­ни­ра­на
во меѓународно прифатени документи).-     Умее да применува истражувачки методи, техники и инструменти и посе­дува умеења за вклучување
во акциони  истражувања.
Способностза проценка –     Ги препознава, ги разликува и ги уважува различните етички норми и умее да избира и користи содржини и
активности за поттикнување на етички­те доживувања и вреднувања.-     Ги познава, ги прифаќа и ги селектира
стратегии за поддршка на мулти­кул­турни вредности, мултикултурна и религиска толеранција, јазичен и
кон­фесионален плурализам.-     Умее да избира и да користи содржини и активности за поттикнување на креативноста,
на позитивни чувства кон уметничкото творештво и кон естетското вреднување.
Комуникациски вештини –     Умее да комуницира на стандардната јазична норма на државниот (македонски) јазик и на својот мајчин јазик.-
Ја познава и ја користи терминологијата карактеристична за профе­сијата.-     Умее да избира содржини и активности
за развој на еколошката свест и еко­лошката култура, како облик на комуникација на човекот со природата;-
Ги познава основните карактеристики и предности на тимската работа, умее да применува современи кооперативни
техники за учество и за координирање на тимски активности.-     Ги познава придобивките и селектира современи техники на соработка со сродни установи и со локалната заедница.-     Ги познава и ги разбира принципите за создавање стимулативна сре­ди­на за учење и применува стратегии
за поттикнување позитивна соци­о­емоционална клима во установата/групата.
Вештинина учење –     Ја познава, ја разбира и ја прифаќа својата професионална улога во совре­меното општество, ги знае компетенциите
кои треба да ги посе­ду­ва и ја разбира потребата од континуиран професионален развој.-
Умее да наоѓа, да обработува, да користи и да разменува стручни и научни информации од својата област.-
Користи информатичко-комјутерска технологија во размена на инфор­ма­ции од стручен карактер и умее да
селектира и да користи информации во интерес на осовременување на образовниот процес.

 

  • Специфични дескриптори на квалификациите
Знаења и разбирање –     Поседува знаења од областа на педагогијата, училишната педа­го­ги­ја, социологијата на образованието, психологијата,  дидактиката.-     Ги познава и ги разбира концепциската и структурната поставеност на основното воспитание и образование кај нас и современите трендови  во развојот на основното образование кај нас и во светски рамки.-     Ги познава и ги разбира современите воспитно-образовни системи и концепти, нивните историски, социолошки и филозофски основи и нивната институционална поставеност.-     Ги познава целите на воспитанието и образованието, ги разбира нивното влијание и функционалност, прави разлика меѓу  воспитни, образовни и функционални цели и ја поддржува нивната меѓу­зависност при реализирањето на воспитно-образовните содржини.

–     Ги познава  принципите и стратегиите за вклучување на заедницата и на семејствата во животот и работата на училиштето и ја разбира потребата од нивното заедничко воспитно-образовно дејствување.

Применана знаењетои разбирањето –     Ги познава развојните законитости и карактеристики на учениците и умее да применува воспитно-образовни и наставни стратегии со­об­ра­­зени со индивидуалните можности и способности на учениците.-     Ги познава и ги разбира содржините на наставните предмети кои ги предава (со содржините по тие предмети од периодот кој следува непосредно во деветгодишното основно образование) и поседува умеења за нивна примена.-     Поседува основна ликовна писменост.-     Умее да планира, да евидентира, да ја реализира и да ја вреднува наставата со користење на  информатичко-компјутерска технологија.

–     Ги применува дидактичко-методските компоненти (форми, методи, принципи и средства) во функција на реализација на наставата и по­ка­­жува умешност во нивно адаптирање кон потребите на учениците и на наставата.

–     Умее да ги интегрира и интердисциплинарно да ги поврзува воспитно-образовните содржини од различни предметни области.

–     Применува современи концепции за планирање, организирање и реализирање наставен час.

–     Умее да применува современа образовна технологија во училишниот воспитно-образовен процес.

–     Поседува вештини за лоцирање на тековно појавени воспитно-обра­зов­ни проблеми и користи соодветни педагошки стратегии за нивно решавање.

–     Умее да применува социолошки знае­ња во ре­шавање воспитно-образовни проб­леми.

–     Умее да поттикне и да организира истражувачки и други активни ме­то­ди на учење кај децата од училишната возраст и користи пе­да­гош­ки стратегии за оспособување на учениците за самостојна работа и учење.

–     Познава техники за јакнење на психофизичкото здравје на децата од учи­лишната возраст и применува методи за поддршка на здрави животни навики кај нив.

–     Умее да применува стратегии за идентификација на надарени деца и за работа со нив.

Способностза проценка –     Познава стандарди и постапки за следење, вреднување и евидентирање на  ученичките постигнувања.-     Применува методи, техники и инструменти  на следење и вред­ну­вање на наставните процеси и користи техники за самовреднување.-     Умее да врши избор на наставни стратегии и методски постапки соодветни на индивидуалните потреби на учениците.
Комуникациски вештини –     Применува педагошки постапки за кооперативна и за интерактивна комуникација во наставата и ги користи за  развој  на социјални и на кому­никациски вештини кај учениците (кооперативност, иници­ја­ти­в­ност, поддршка и слично).-     Умее да спроведува современи стратегии за почитување на различностите меѓу учениците и модели за поттикнување на нивно меѓусебно прифаќање и толеранција.-     Умее да развива колаборативно учење (групна работа) и соработка меѓу учениците.-     Ги познава и ги разбира семејните воспитни вредности и ка­рак­те­рис­ти­ки, ги разбира и умее да ги промовира и да ги применува предностите, формите и принципите на партнерскиот и едукативен од­нос на училиштето кон семејството.

–     Препознава специфичности и разлики во семејните воспитни вли­ја­ни­ја врз учениците и применува едукативни техники за нивна под­дрш­ка или канализирање.

–     Користи комуникациски постапки и техники за позитивно насочување на социјалното поведение на учениците, препознава деструктивна кому­никација и применува стратегии за следење и за развој на ко­опе­ративни вештини кај учениците.

–     Познава и применува методи и принципи на воспитната работа, како и современи модели, вештини и техники за менаџирање на одделението.

Вештинина учење –     Ја познава, ја разбира и ја прифаќа улогата на наставникот во современото училиште, ги знае компетенциите кои треба да ги поседува и ја разбира потребата од континуиран професионален развој.

 

  • Правно-нормативна регулатива за конципираност

и заснованост на студиската програма

 

Со Одлука бр…. на Одборот за акредитација и евалуација, студиската програма по Одделенска настава е реакредитирана во согласност со постојниот Закон за високото образование и со релевантните подзаконски акти.  Во студиската програма успешно се вградени суштествените препораки на Концепцијата за деветгодишно основно образование, како и основните насоки од Националната програма за развој на образованието 2005-2015 со придружните програмски документи. Како член на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот и Институтот по одделенска настава,  како негова организациска единица, работат во согласност со Статутот и со другите акти на Универзитетот.

 

  • Вработливост, проодност кон повисок циклус на студии и мобилност

 

Стекнатата диплома овозможува вработување како одделенски наставник во основно училиште, како и широк спектар на занимања во полето на образованието и образовната администрација.

Со здобивањето 240 кредити од прв циклус студии е овозможена проодност кон студии од втор циклус по Одделенска настава, кои успешно се организираат и се спроведуваат на Факултетот од академската 2010/11 година, но и кон втор циклус студии на други студиски програми на високообразовните установи во Република Македонија и во други држави.

Меѓу студиските програми на Факултетот е овозможена висока мобилност преку еквиваленциите на предметите, а се зголемува со соодветен избор на предмети од универзитетската листа на слободни изборни предмети. Во согласност со ЕКТС е овозможена и мобилност на студентите од студиските групи на Факултетот кон сродни студиски групи на Универзитетот и на други универзитети во државата и во странство.

 

  • Наставно-научен и соработнички кадар

 

Во реализацијата на наставата (на една или на повеќе предметни програми) се вклучени наставно-научни работници и асистенти од соодветната научна област, што претставува основа за интердисциплинарен пристап во почетното образование на идниот одделенски наставник.

 

 

 

 

Корисни линкови

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________