Информатори


————————————————-


————————————————–


Настани
  • No Events
Категории
  • Без категории
октомври 2017
П В С T П С С
« Сеп    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  
Огласна табла

Дејност

Дејност на Факултетот

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во рамките на интегрираниот државен универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, е најголема образовна и истражувачка институција во Република Македонија од областа на  образованието на наставници.

Во текот на 21 годишното постоење, Факултетот успешно развива извонредно богата дејност во неколку области:

  • Додипломски студии (прв циклус студии)
  • Последипломски студии (втор циклус студии)
  • Научноистражувачка работа (фундаментални, развојни и применети, домашни и меѓународни проекти)
  • Издавачка дејност (учебници, зборници на трудови, монографии, научни и стручни книги, итн.)
  • Во декември 2016 година се акредитирани и докторски студии (трет циклус студии)

Мисија

Патронот на нашиот Факултет, свети Климент Охридски, големиот словенски учител и средновековен писател, творец на Охридската книжевна школа и првиот македонски архиепископ, е наша постојана инспирација и мотив за реализација на сите активности.

Нашата мисија е обезбедување квалитетно и континуирано образование на високостручен наставнички кадар подготвен за реализирање на современ, креативен воспитно-образовен процес во предучилишните установи и во основните училишта, со стекнати компетенции за примена на актуелни светски едукативни стандарди.

Вредности

  • Веруваме и се залагаме за:
  • Непристрасност, објективност, транспарентност и почитување на високите етички норми
  • Постојано иновирање на наставните планови со воведување нови програми и насоки
  • Слобода на креативниот израз и експресија на сопствените ставови
  • Поттикнување на креативноста и иновативноста во реализацијата на современ едукациски процес
  • Континуирано подобрување на квалитетот во реализацијата на наставата и истражувачко-апликативните активности со употреба на најсовремена наставна техника
  • Овозможување стимулативна атмосфера за индивидуален професионален развој
  • Почитување на различноста, обезбедување соработка и поддршка помеѓу различните етнички групи
  • Изградување на сопствена препознатливост во земјата и во странство

Визија

Визијата на професорите, соработниците и вработените на Педагошкиот  факултет „Св. Климент Охридски“- Скопје  во следните децении  е:

  • Да ја задржи лидерската позиција во високото образование од областа на едукацијата на професори за предучилишно воспитание и одделенска настава.
  • Своите предметни програми уште повеќе да ги доближи кон стандардите за стекнување адекватни знаења, вештини и способности, конкурентни во современиот свет на глобална едукација.
  • Да ја зајакне сопствената соработка со реномирани странски универзитети.
  • Да овозможи развој на различни аспекти од областа на едукацијата и да учествува во реализацијата на научноистражувачки и апликативни проекти во земјава и во странство.
Корисни линкови

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________