Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

јануари 2020
П В С Ч П С Н
« Дек    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
Огласна табла

С О О П Ш Т Е Н И Е За право на вредносен бон – ваучер за набавка на таблет компјутер со надворешна тастатура

С О О П Ш Т Е Н И Е
За право на вредносен бон – ваучер
за набавка на таблет компјутер
со надворешна тастатура 

Им се соопштува на студентите на Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски”, во Скопје,  дека  согласно Законот за издавање на вредносни бонови – ваучери (Сл. весник на РМ бр.48/2015),

право на вредносен бон – ваучер имаат:

  1. редовните студенти од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741,оо денари бруто приход а се најдоцна до 15 ноември 2014 г., за прв пат запишани во трета и четврта година на прв циклус на студии, во учебната 2014/2015 г., и
  2. студентите од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат износот од 32.741,оо денари бруто приход, кои се евидентирани како лица со посебни потреби запишани најдоцна до 15 ноември 2014 г., во било која година на студии на прв циклус на студии, во учебната 2014/2015 г.

Заинтересираните  студенти се должни да ја достават следната документација:

  • Барање за доделување на вредносен бон-ваучер
  • Фотокопија на уверение за државјанство
  • Доказ дека се од семејство со вкупни месечни примања кои

не го надминуваат износот од 32.741,оо денари бруто приход, со доставување на Уверение издадено од Управата за јавни приходи за остварени приходи по разни основи за 2014 г., за двајцата родители или старателот(односно брачниот другар)  и за студентот лично.

( Доколку студентот е со еден родител или е без родители, истото го докажува со фотокопија  од актот за престанок на бракот или извод од матична книга на умрените, а студентите кои засновале брак и оформиле семејство  истото го докажуваат со фотокопија од изводот од матичната книга на венчаните)

  • Потврда за редовен студент , запишан за прв пат во трета

година (односно со заверен В семестар) и четврта година (односно со заверен ВИ семестар), на прв циклус на студии во учебната 2014/2015 год., запишани до 15 ноември 2014 г.

  • Студентите кои се евидентирани како лица со посебни

потреби потребно е да достават доказ дека се лица со посебни потреби (каде јасно се гледа дека лицето е со посебни потреби) и  потврда дека се студенти во било која година на студии во учебната 2014/2015 г., запишани до 15 ноември 2015 год. 

Заинтересираните студенти потребната документација ја доставуваат до  Службата за студентски прашања, најдоцна до 25 април 2015 год., во време на работењето на шалтерите со странки. 

По истекот на рокот за доставување,  Службата за студентски прашања, во рок од 5 (пет) дена, примените документи, заедно со изготвената  листа  на  пријавени  студенти  по сите основи, писмено и  електронски,  ги доставува  до Министерството за образование и наука, каде се формира меѓуресорска комисија за проверка на документите, по што Министерството за образование и наука изготвува  листа  на  студенти  кои  можат да користат вредносен бон – ваучер и истата ја доставува до Министерството за информатичко општество.

Вредносниот бон – ваучер се издава во материјализирана форма, на име на доносител, во номинална вредност од 8.000,оо денари, кои средства се обезбедени од Буџетот на РМ.

Постапката за распределбата на овие ваучери како и начинот  и роковите за нивно користење се дадени во Законот за издавање на вредносни бонови – ваучери (Сл. Весник на РМ бр. Бр.48/2015).

                                                                                                                                                                                         ДЕКАН 

                                                           Проф. д-р Владо Тимовски

 БАРАЊЕ ЗА ВРЕДНОСЕН БОН – ВАУЧЕР

(Законот за издавање  на вредносни  бонови – ваучери, Сл. Весник на РМ бр. 48/ 2015)

 

Јас, ____________________________________________________________,

од _________________________________________________, со лична карта број

__________________, издадена од _______________________________________,

студент на Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје, во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, поднесувам барање за добивање на вредносен бон – ваучер за таблет компјутер со надворешна тастатура, бидејќи ги исполнувам условите за истото.

Во прилог доставувам

(да се заокружи):

  1. Потврда за редовен студент, прв пат запишан, најдоцна до 15 ноември

2014 г., во трета/четврта година, во учебната 2014/2015 год.

  1. Потврда за студент со посебни потреби, запишан најдоцна до 15

ноември 2014 г., во учебната 2014/2015 г.

  1. Фотокопија од Уверение за државјанство
  2. Доказ за месечните примања на родителите, односно брачниот другар

и лично за себе (согласно објаснувањето дадено во Законот, како и Соопштението на МИО и овој Факултет)

  1. Доказ за тоа дека студентот е со еден родител, или е без родители,

односно дека има засновано брак и формирано семејство (согласно објаснувањето дадено во Законот, како и Соопштението на МИО и овој Факултет)

  1. Доказ дека станува збор за студент со посебни потреби (согласно

објаснувањето дадено во Законот, како и Соопштението на МИО и овој Факултет)

  1. Фотокопија од личната карта
  1. _________________________________________________________

__________________________________________________________ .

 

 

Скопје, ________ 2015 год.                                                                     Барател,

 

 

Дополнително
С О О П Ш Т Е Н И Е
За поднесување на Барањето за  остварување на правото на вредносен бон – ваучер
за набавка на таблет компјутери
со надворешна тастатура

 

Им се соопштува на студентите  на  Педагошкиот факултет “Св. Климент Охридски”, во Скопје,  дека:

  • Барањето  за доделување на вредносен бон-ваучер се

подига од архивата на Факултетот,

  • Потребно е пополнетото барање да го заверат во

архивата на Факултетот и

  • Завереното барање, заедно со сите други потребни

документи, согласно првичното соопштение, да го достават лично  до Службата за студентски прашања, секој работен ден, во времето на работа  на  шалтерите, од 12 до 14 ч., најдоцна до 25 април 2015 год.

 

 

УПИСИ 2019/20
Септември сесија19
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________