Студ. парламент
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

декември 2019
П В С Ч П С Н
« Ное    
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
3031  
Огласна табла

ИНЕТРЕН   КОНКУРС за доделување на  5 стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“

Врз основа на член 110 од Законот за високото образование (Сл. Весник на РМ бр. 82/2018), Наставно-научниот совет  на Педагошкиот факултет „Св. Клиемнт Охридски“ во Скопје, единица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, распишува

 

 

ИНЕТРЕН   КОНКУРС
за доделување на  5 стипендии од
Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

 

 

  1. Право да конкурираат имаат редовни  студенти запишани на прв циклус студии на овој Факултет, кои:
  • имаат запишано најмалку трет семестар, во учебната 2018/2019 год.
  • ги положиле сите предвидени предмети со студиската програма од

запишувањето на студиите,  заклучно со септемврискиот испитен рок во 2018 година, во редовните рокови, без презапишување на семестар и

  • кои оствариле просек од најмалку 8.

Висината на стипендијата изнесува 6.000,оо  денари месечно и истата ќе се исплаќа 10 месеци во студиската година, почнувајќи од октомври и заклучно до јули. .

  1. Правото на користење на стипендијата трае доколку редовно се исполнуваат

условите заклучно со завршувањето на студиите од првиот циклус.

Право на стипендија немаат кандидатите кои што не напредувале редовно во

повисок семестар.

  1. Правата и обврските на добитниците на стипендијата ќе се утврдат со договор.

Стипендијата ќе се продолжува секој семестар под услов, начин и постапка утврдени во договорот за доделување на стипендијата.

  1. Потребни документи:
  • Пријава (образец бр. 1);
  • биографија (CV);
  • уверение за редовно запишани семестри, од почетокот (првиот семестар) на студиите;
  • потврда од факултетот дека се положени сите предвидени предмети, заклучно со септемврискиот испитен рок, без презапишување на семестар;
  • уверение со бројот на предвидените и положените испити од претходните семестри;
  • потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата за оваа година, односно за пензионираните членови на семејството, да се достави документ за висината на пензијата – чек; за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или од друга институција;
  • уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година за двајцата родители – старатели на кандидатот, поединечно и за самиот кандидат;
  • изјава од кандидатот дека не е корисник на друга стипендија (образец бр. 2);
  • изјава од кандидатот за вистинитоста на доставените документи и податоци (образец бр. 3);
  • изјава за согласност за обработка и  користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (образец бр. 4);
  • изјава за бројност на членови во потесно семејство на кандидатот (образец бр. 5).

Обрасците може да се преземат од веб страницата или од архивата на

Факултетот.

Потребните документи кон пријавата на Конкурсот, се доставуваат во копија.

  1. Пријавите, со потребната документација, се поднесуваат во рок од 15 дена од

денот на објавувањето на Конкурсот на огласната табла, односно ВЕБ страницата на Факултетот.

Документите се поднесуваат во Архивата на Факултетот  или по пошта, на следнава адреса: Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје

(за Конкурсот за доделување стипендии од Фондацијата „Атанас Близнакоф“)

ул. Дрезденска  бр. 56, 1000 Скопје

 

 

                                                                                                  За Наставно-научниот совет

                                                                                                                          на Педагошкиот  факултет 

                                                                                           „Св. Климент Охридски” во  Скопје

                                                                                                                Декан

                                                                                                       Проф. д-р Емиљ Сулејмани

 PRIJAVA за стипендија obrazec 1

Obrazec br. 2 IZJAVA-ne koristi druga stipendija

Obrazec 3 IZJAVA-za tochnost na podatoci

Obrazec 4. IZJAVA-za lichni podatoci

Obrazec 5 IZJAVA-za clenovi na semejstvoto

Odluka од ННС – ПФСКО za raspisuvanje Konkurs za STIPENDII Atanas Bliznakof

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

УПИСИ 2019/20
Септември сесија19
______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________