Прв циклус студии
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

ноември 2018
П В С T П С С
« Окт    
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
2627282930  
Огласна табла

Информација за запишување на студенти на прв циклус студии во академската 2018-2019 со завршено високо или вишо образование.

ИНФОРМАЦИЈА

за реализација на Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2018/2019 година на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје,  на насоките:

Одделенска настава, Предучилишно воспитание и Библиотекарство

Се соопштува дека на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ – Скопје, можат да се запишат и кандидати кои имаат завршено високо или вишо образование на сродни факултети и виши школи, надвор од квотата најмногу 10% од редовните студенти утврдени во Конкурсот.

Рангирањето на кандидатите ќе се врши според успехот од претходно завршеното високо односно вишо образование.

Кандидатите се запишуваат со кофинансирање на студии, односно со 400 евра во денарска противвредност.

Пријавувањето на кандидатите се врши во периодот од 12 до 19.9.2018 година со:

  • Пополнување на молба во Архивата на Факултетот (просторија 118);
  • Уплатница од 50 денари таксена марка;
  • Уверение за завршеното високо односно вишо образование;
  • Извод од матичната книга на родените;
  • Доказ за државјанство на Р.М (уверение или решение).

СИТЕ ДОКУМЕНТИ ШТО СЕ ДОСТАВУВААТ ТРЕБА ДА БИДАТ ВО ОРИГИНАЛ.

Студентите кои на Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ – Скопје, ќе се пријават со претходно завршено високо или вишо образование ќе имаат интервју на 20.9.2018 година во 10.00 часот во просторија бр.102

НАПОМЕНА: БЕЗ РЕАЛИЗИРАНО ИНТЕРВЈУ, СТУДЕНТИТЕ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШАТ НА ОВОЈ ФАКУЛТЕТ.

Скопје, 7.9.2018

Продекан за настава

                                                                                                Проф. д-р Весна Макашевска

 

______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________