УПИСИ 2018/19
Информатори


————————————————-


————————————————–


август 2018
П В С T П С С
« Јун    
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  
Огласна табла

ИЗВЕСТУВАЊЕ за конкурсот за најдобар есеј на тема: „Библиотеките и библиотекарството во 21 век“

ИЗВЕСТУВАЊЕ
за конкурсот за најдобар есеј на тема:
„Библиотеките и библиотекарството во 21 век“

 

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје распиша награден конкурс на тема „Библиотеките и библиотекарството во 21 век“, наменет за сите средношколци во Република Македонија. Со главната тема, но и со неколку поттеми кои се однесуваа на книгата, читањето, интернетот, библиотеката како втор дом и др., целта на конкурсот беше да ги поттикне младите за размислуваат и да пишуваат за вредностите на книгата и на библиотеката во денешново ново време.

Конкурсот треаеше од 20 март до 20 април 2018 година. Пристигнаа повеќе од 30 творби во вид на есеи во кои беа содржани ставовите и размислувања на младите средношколци. Комисијата за избор на најдобрите есеи, во состав: проф. д-р Христо Петрески, претседател, проф. д-р Мито Спасевски, член, и проф. д-р Елизабета Бандиловска, член, ги одбра и ги награди најдобрите три есеи:

  1. Библиотеката, книгата и читањето од Светла Јакшиќ, СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, Скопје
  2. Библиотеката – мојот втор дом од Анастасија Спировска, СОУ „Перо Наков“, Куманово
  3. Библиотеката, книгата и читањето од Берна Асанова, СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш

Авторите на трите најдобри есеи ќе бидат наградени со комплет книги од Издавачката куќа „Феникс“.

Исто така, Комисијата одбра уште 10 есеи и одлучи тие да бидат вреднувани на тој начин што ќе бидат објавени во вториот литературен алманах „На крилата на зборот“. Тоа се следниве есеи и автори:

  1. Библиотеката, книгата и читањето од Мартина Пешова, ССОУ „Димитрија Чуповски“, Велес
  2. Книгата и нејзината иднина од Мартина Јованова, СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш
  3. Традиционалната и електронската книга од Стефан Ефтимов, СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш
  4. Библиотеката – мојот втор дом од Берна Асанова, СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш
  5. Книгата и нејзината иднина од Анастасија Ташкова, СОУ „Коста Сусинов“, Радовиш
  6. Книгата и нејзината иднина од Викторија Трајанова, СОУ „Јане Сандански“, Струмица
  7. Книгата и нејзината иднина од Дијана Митрова, СОУ „Јане Сандански“, Струмица
  8. Традиционалната и електронската книга од Јован Томовски
  9. Библиотеката, книгата и читањето од Анастасија Стевановска, АСУЦ „Боро Петрушевски“, Скопје
  10. Библиотеката – мојот втор дом од Јована Трајческа, СОУГ „Кирил Пејчиновиќ“, Тетово

 

Им честитаме на сите автори и им посакуваме да продолжат да читаат и да творат. Да станат успешни млади луѓе, откривајќи го светот на книгата и моќта на зборовите.

Корисни линкови

______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________