Прв циклус студии
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

септември 2018
П В С T П С С
« Авг    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Огласна табла

Педагошки стаж во летен семестар 2017/18 и стар систем

СООПШТЕНИЕ
за педагошкиот стаж во летниот семестар
на учебната 2017/2018 година, за студентите запишани
на овој Факултет во учебната 2010/2011, 2011/2012 и 2012/2013 година 

 

  1. Се утврдува дека педагошкиот стаж во летниот семестар од учебната 2017/2018 година, за редовните, вонредните студенти и студентите кои студираат по проект 30/35 и 40/45, кои се запишале на овој Факултет во учебната 2010/2011, 2011/2012 и 2012/2013 година, и имаат запишано летен (осми) семестар во учебната 2017/2018 година, ќе се реализира во текот на целиот летен семестар, согласно можностите и потребите на студентите.
  2. Педагошкиот стаж можат да го реализираат во (училиште-градинка), во местото каде што живеат или работат, по сопствен избор.
  3. Пријава и потврда за стажот може да се подигне во Медијатеката, кај Наталија Јошева (просторија број 217), најдоцна до 3.2018 година.
  4. Педагошкиот стаж ќе се реализира согласно усвоеното Упатство за изведување на практична настава на студенти-идни наставници,воспитувачи и педагози, под менторство на професорите од овој Факултет, и соодветен ментор од установата каде стажот ќе се реализира.

За дополнителни информации за начинот на изведување на педагошкиот стаж обратете се кај продеканот за настава
– проф. д-р Весна Макашевска и кај раководителот на Институтот за одделенска настава – проф. д-р Љуљзим Адеми.

  1. Сите студенти задолжително од фотокопирницата на Факултетот, треба да подигнат ПРОТОКОЛИ ЗА УПАТСТВО НА ПЕДАГОШКИОТ СТАЖ, и истите да ги пополнат во периодот одреден за реализирањето на стажот. Пополнететите протоколи се заверуваат во училиштето/градинката, и се потпишуваат од менторот (воспитувач/наставник). Пред започнувањето на педагошкиот стаж, задолжително на ПОТВРДАТА ОД ПРОТОКОЛИТЕ ЗА УПАТСТВО НА ПЕДАГОШКИОТ СТАЖ се потпишува продеканот за настава проф. д-р Весна Макашевска.

*За студентите на македонски наставен јазик за студиските групи одделенска настава и предучилишно воспитание одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде проф. д-р Весна Макашевска.

*За студентите на албански наставен јазик за студиските групи одделенска настава и предучилишно воспитание одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде проф. д-р Љуљзим Адеми.

*За студентите на турски наставен јазик за студиските групи одделенска настава и предучилишно воспитание одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде проф. д-р Аида Ислам.

ВЕ МОЛИМЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОСЕТЕТЕ ГИ ОДГОВОРНИТЕ ЛИЦА ЗА НАЧИНОТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЕДАГОШКИОТ СТАЖ.

Скопје, 2.3.2018 година

 

Продекан за настава

Проф. д-р Весна Макашевска

______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________