Прв циклус студии
Докторски студии
Доквалификација

_________________________

септември 2018
П В С T П С С
« Авг    
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Огласна табла

ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ И УПИС НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2017/18

СООПШТЕНИЕ

За ЗАВЕРКА на зимски и УПИС на летен СЕМЕСТАР
ВО УЧЕБНАТА 2017-2018 ГОДИНА

Се известуваат студентите дека уписот на летен семестар во учебната 2017/2018 год. ке започне од 08.02.2018 год. и ќе трае заклучно до 27.02.2018 год. Надвор од утврдените термини (по изминување на рокот за упис на семестар) ,уписот може да се регулира согласно ценовникот за задоцнето запишување на семестар.

Важно известување: Предавањето на документите за запишување на семестар  на шалтерите во службата за студентски прашања ќе се врши во два термини и тоа:

Студенти запишани на групата одделенска настава од 08.02.2018 год. заклучно со 16.02.2018 г.

Студенти запишани на групите предучилишно воспитание и библиотекарство од 19.02.2018 заклучно со 27.02.2018 г.

Доколку студентите ѓи пропуштат утврдените термини за предавање на документите истото ќе можат да го сторат на 28.02.2018 год. (Среда).

Покрај запишување на семестарот со предметите во индексот, истите треба да се запишат  и во електронска форма во студентското досие од i –know системот,

Според одлуките и режимот на студирање ,студентите ѓи презапишуваат неположени предмети од претходните летни семестри ,а потоа согласно бројот на кредити можат да одберат и запишат предмети од тековниот летен семестар.(максимален број на кредити кој може да се запише е 35)

СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ОДБЕРАТ ПРЕДМЕТИ ОД УКИМ ЛИСТАТА ОД ПЕДАГОШКИОТ ФАКУЛТЕТ КОЈА Е ИСТАКНАТА КАКО ПРИЛОГ НА СООПШТЕНИЕТО ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАРОТ.

Потребни документи за запишување на летен семестар 2017/2018 год.

– Образец за запишување на летен семестар

– Образец за заверка на зимски семестар.

– 100.ден уплата за таксена марка.

– Уплата на кредити(партиципација), вкупниот број на кредити кој се запишува се множи со цената за еден кредит и тоа:

Цена на 1кредит за студенти во државна квота изнесува 205 ден.

Цена на 1кредит за студенти во приватна квота изнесува 410 ден.

 

Изработено од :                                                                                                                                    Продекан за настава

Служба за студентски прашања                                                                                                Проф.д-р Весна Макашевскa

 

 

 ИНФОРМАЦИЈА

 ЗА ПОКРИЕНОСТ НА НАСТАВАТА ВО УЧЕБНАТА 2017 / 2018 Г. ЛЕТЕН  СЕМЕСТАР

ОД УНИВЕРЗИТЕТСКА ЛИСТА НА СЛОБОДНИ ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ ПОНУДЕНИ ОД ФАКУЛТЕТОТ

           

Наставата на Педагошкиот факултет ,,Св. Климент Охридски’’ – Скопје, во летниот  семестар во учебната 2017/2018 година, од Универзитетска листа на слободни изборни предмети понудени од Факултетот за групите одделенска настава,предучилишно воспитание и библиотекарство ќе се покрива со внатрешни ангажирани професори согласно следниот табеларен преглед: 

ТАБЕЛАРЕН ПРЕГЛЕД

Ред. број Код на предметот ПРЕДМЕТИ Кредити Наставен јазик НАСТАВНИЦИ
1. ЗПБ 107м КУЛТУРНА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА 7 македонски Проф. д-р Сузана Котовчевска
2. ЗПБ 108м ПАЛЕОГРАФИЈА 7 македонски Проф. д-р Виолета Мартиновска
3. 110 ЗППВ ОПШТА ПЕДАГОГИЈА 5 албански Проф. д-р Флорина Шеху
4. 118 ИПОН ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ГРАМАТИКА НА МАКЕДОНСКИОТ/АЛБАНСКИОТ/ТУРСКИОТ ЈАЗИК 3 албански Проф. д-р Вехби Кадриу
5. 113 ЗПОН МАТЕМАТИКА 1 5 македонски Проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ
6. 210 ИППВ МУЛТИКУЛТУРНО ОБРАЗОВАНИЕ 3 македонски,

албански

Проф. д-р Емиљ Сулејмани
7. 210 ЗПОН УЧИЛИШНА ПЕДАГОГИЈА 6 македонски,

албански

Проф. д-р Мариета Петрова

Проф. д-р Флорина Шеху

8. 214 ИПОН СЛЕДЕЊЕ НА НАПРЕДУВАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ 3 македонски

 

Проф. д-р Сузана Никодиновска Банчотовска
9. 215 ИПОН ПСИХОЛОГИЈА НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА

И УМСТВЕНИТЕ СПОСОБНОСТИ

3 македонски Проф. д-р Зоран Михајловски
10. 217 ИПОН ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ 3 македонски Проф. д-р Билјана Глигорова
11. 218 ИПОН МЕДИУМСКА КУЛТУРА 3 албански Проф. д-р Љуљзим Адеми
12. 311 ЗПОН МЕТОДИКА НА НАСТАВАТА ПО ПОЧЕТНО ЧИТАЊЕ И ПИШУВАЊЕ 5 македонски,

албански

Проф. д-р Благица Петковска

Проф. д-р Лулзим Алиу

13. 312 ЗПОН МЕТОДИКА НА НАСТАВАТА ПО МАТЕМАТИКА 1 5 македонски,

албански

Проф. д-р Весна Макашевска

Проф. д-р Методи Главче

14. 313 ЗПОН МЕТОДИКА НА НАСТАВАТА ПО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА, ПРИРОДАТА И ОПШТЕСТВОТО 1 5 македонски,

албански,

 

Проф. д-р Билјана Камчевска

Проф. д-р Леонора Јегени

 

15. 315 ЗПОН МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ СО МЕТОДИКА 5 македонски,

турски

Проф. д-р Владимир Талевски

Проф. д-р Аида Ислам

16. 316 ИПОН ПЕДАГОШКА КОМУНИКАЦИЈА 5 македонски Проф. д-р Татјана Котева Мојсовска

 

17. 412 ЗПОН ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ СО МЕТОДИКА 5 македонски,

албански

Проф. д-р Марјан Малцев

Проф. д-р Бујар Саити

Изработила: Наталија Јошева

 

Контролирал и одобрил:

Продекан за настава:

Проф. д-р Весна Макашевска

______________________

_______________________

_______________________ _______________________

________________________

________________________

________________________

________________________

________________________